Македонија

Филипче од Струмица тврди дека СДСМ се враќа и СДСМ ќе победи

Зоран Заев го немаше на митингот но неговиот дух провејува во пораките на Филипче

Во порака во која не се прецизира точно каде е и каде била неговата партија и каде точно ќе победи, вечерва претседателот на партијата Венко Филипче од Струмица порача дека СДСМ се враќа и СДСМ ќе победи.

Со алузија на екс лидерот Зоран Заев Филипче вели дека од Струмица тргнале политико кои носеле напредок.

,,Од тука тргнаа политичари кои ја менуваа државата. Од тука тргнаа политики кои носеа развој, правда и слобода. Од тука секогаш се раѓала надежта. Затоа од овде, од овој плоштад, ќе ја испратиме најсилната порака: СДСМ се враќа! И СДСМ ќе победи”, порачал денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од митингот во Струмица кој се одржал под мотото „Се бориме за нашиот дом“.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top