Македонија

Филипче: СДСМ со поддршка на протестот на ССМ за повисоки плати

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска изрази целосна поддршка за протестот на Сојузот на синдикати на Македонија и за барањата на работниците упатени до Владата.

СДСМ ќе го поддржи денешниот протест на ССМ и барањата кои работниците ги имаат до Владата, но организирана партиска поддршка нема да даде, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Прашан дали вечерва ќе биде на протестот, кој го организира Сојузот на синдикатите на Македонија, Филипче одговори дека организирана партиска поддршка нема да дадат.

  • Добро, сигурно ќе излезат наши членови коишто се дел од синдикатот. Но, ние организирана партиска поддршка со цел да се поддржи во таа смисла протестот не даваме. Ниту сметаме дека треба да се даде. Треба да е тоа автентично излегување на улица, исто како што е автентично излегување на организацијата, за кое што немаме никаква улога – вели Филипче.

На прашањето дека сега како партија ги поддржуваат барањата на синдикатите, а кога бил на власт СДСМ не ги поддржувал и од каде сега оваа промена околу ставот за минималната плата, Филипче со одговор дека во времето на СДСМ платите растеле и тоа во време на најголемите кризи.

  • Сметам дека барањата се реални, дека се објективни, дека поголема плата е заслужена и вистински потребна за преживување на работничките семејства во државата. Јас жалам што завршија добрите пракси од минатото од времето на Владите на Социјадемокртаскиот сојуз на Македонија, кога во контиунитет растеа и минималната и просечната плата. Минималната се дуплираше, скоро се дуплираше просечната плата и тоа во време на најголеми кризи, кога светот немаше видено тогаш, Ковид, енергетската криза – вели Филипче и додаде дека дава максимална поддршка за денешниот протест.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top