Македонија Бизнис

Финансиската полиција ќе го чешла случајот Александрополис за сторен криминал

Поранешни членови на управни и надзорни одбори и функционери од претходната Влада добија кривични пријави затоа што закупиле капацитет за гас во терминалот во Александрополис, за што потрошиле 5 милиони евра од буџетот, но гасот никогаш не стигнал во земјава. Претставници на АД Електрани на Македонија информираа дека поднеле кривична пријава до Финансиската полиција и […]

Поранешни членови на управни и надзорни одбори и функционери од претходната Влада добија кривични пријави затоа што закупиле капацитет за гас во терминалот во Александрополис, за што потрошиле 5 милиони евра од буџетот, но гасот никогаш не стигнал во земјава. Претставници на АД Електрани на Македонија информираа дека поднеле кривична пријава до Финансиската полиција и до Министерството за внатрешни работи МВР против членови на двата претходни управни и надзорни одбори во компанијата поради неколку одлуки поврзани со закупот во новиот терминал за течен природен гас во Александрополис во Грција, објави МКД.мк.

Меѓу пријавените, според порталот, се и поранешните премиери Зоран Заев и Димитар Ковачевски, поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи и тогашниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски. Според првиот човек на ЕСМ Лазо Узунчев, овие луѓе не ги штителе интересите на компанијата и на државата, а поради тоа ЕСМ месечно непотребно плаќала над 250 илјади евра за неупотребливиот капацитет.

Согласно член 353 од Кривичниот законик тие несовесно постапувале и не ги штителе интересите на компанијата и на државата и досегашната штета изнесува над 5 милиони евра. Од претходната Влада реагираа дека проектот бил дел од регионално стратешко снабдување со гас, со вклученост на Србија и Бугарија и дека тука нема ништо спорно.

Македонија требаше да стане еден од сопствениците на терминалот во Александрополис и да учествува со 10 проценти. Во образложението за кривичаната пријава пишува дека државата плаќала закуп за дел од терминалот без можност тој да биде користен.

Терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александрополис почна да работи на 1 октомври 2024 година. Преку него со гас треба да се снабдуваат неколку земји од Југоисточна и Централна Европа, меѓу кои и Македонија.

Терминалот почна да се гради кон крајот на март 2021 година. Од тогашната македонска Влада тогаш беше соопштено дека согласно договорот Македонија учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во Александрополис која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра и дека е предвидено учество и со 10 проценти од вкупната вредност.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

To top