Македонија

Фитнес тренер лажно се претставува дека е советничка на претседателката Сиљановска-Давкова

За лажно претставување во Македонија според законот може да се лежи една година в затвор

Фитнес тренерот и магистер по право Луција Јаковлеска лажно се претставува дека е советничка на претседателката Сиљановска-Давкова.

На социјалните мрежи односно на Фејсбук Јаковлеска се претставува како советник на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

На прашање на expres.mk за каков вид на советничка се работи од кабинетот на претседателката велат дека лице со такво име и презиме не е вработено ниту е ангажирано по било каква основа од страна на кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Во алатката за исплати на парични средства за ангажмнан на лица од државните институции нема граѓанка со такво име кое е ангажирано од страна на кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.

Кривичното дело „лажно претставување“ е предвидено во Член 391 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Според законот тој што со намера за себе или за друг да прибави корист или на друг да му стори штета, лажно се претставува како службено или воено лице или неовластено носи знаци на службено или воено лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Со истата казна ќе се казни и тој што ќе изврши дејствие што е овластено да го изврши само определено службено или воено лице.

Фото: Фејсбук профил на Луција Јаковлеска

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови во висина од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење

Дајмонд Мол со две европски награди за најдобар проект од областа на општествената одговорност

Дајмонд Мол освои две европски награди на Unicorn Awards 2026, едно од водечките европски натпреварувања во индустријата за настани и маркетинг, кое на 7 и 8 септември се одржа во Љубљана, Словенија. Проектот на Дајмонд Мол „Две години сјај – на хуманоста и нема крај“ ја освои првата награда од жирито за најдобар проект во категоријата „Проекти од општествена одговорност“, како и специјалната награда од жирито и публиката.

To top