Македонија

Фон дер Лајен на средби со државниот врв за евроинтеграцијата на Македонија

На средбите се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Како што соопшти владината прес-служба, Фон дер Лајен ќе има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по која ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Премиерот Мицкоски во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, во изјава за медиумите повтори дека Владата е подготвена за разговор и решение, отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата дека го кочи евроинтегративниот пат со неотварањето, односно неприфаќањето на уставните измени.

„Нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни. Ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение“,  истакна Мицкоски.

Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска-Давковa во Вила Водно. Ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ.

На средбите се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски пред посетата на Фон дер Лајен изјави дека Македонија сака да се најде решение со Бугарија што ќе обезбеди предвидливост на процесот на евроинтеграција. Вели дека има желба од страна на европските институции и од некои земји членки на ЕУ да помогнат да се засили меѓусебниот ангажман, да се отвори простор за дискусија, но нагласи дека нашите позиции се апсолутно јасни – во овој момент нема услови за уставни измени поради начинот на кој Бугарија се позиционира.

Иако има билатерални контакти со Софија, тоа досега не доведе до напредок и поради тоа, според Муцунски, потребна е помош од заинтересираната страна, а тоа е ЕУ. Затоа, позитивно гледа на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, на Скопје и со која, меѓу другото, ќе се разговара поконкретно и за оваа тема. Кај нас, вели министерот, нема дилема дека ни е потребно решение, но ставаме една црвена линија – дека мора да се најде решение што ќе ни обезбеди предвидливост и сигурност.

Посетата на нашата држава е дел од турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан. Во рамки на турнејата таа ги посети Албанија, Црна Гора и Косово.

Овој пат Србија и Босна и Херцеговина не беа дел од нејзината агенда бидејќи тие земји се подготвуваат за избори.  МИА

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top