Македонија

Формиран кризен штаб во МНР: Подготвителни активности за евакуација

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) вчера формира кризен штаб кој работи 24 часа на располагање, поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток по заедничките американско-израелски напади врз Иран.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) вчера формира кризен штаб кој работи 24 часа на располагање, поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток по заедничките американско-израелски напади врз Иран.

Кризниот штаб има задача континуирано да ја следи состојбата, да ги координира и систематизира сите постапки поврзани со македонските државјани кои се затекнати во или околу загрозените подрачја и на кои им е потребна помош или асистенција. Дипломатско-конзуларните претставништва се во постојана комуникација и целосно на располагање на граѓаните.

Според информациите од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и од СОС телефонот во Скопје, во последните часови се зголемува бројот на наши државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените зони. Со сите пријавени лица се одржува постојан контакт, а се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и безбедна евакуација – во зависност од развојот на состојбата.

МНРНТ уште еднаш ги повикува сите македонски државјани во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните безбедносни органи.

За итна помош и информации на располагање се:

  • СОС дежурен телефон (МНРНТ): 075/273-732
  • Амбасада во Доха: +974 50 173 111
  • Амбасада во Абу Даби: +971 56 441 7532
  • Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546

Министерството останува целосно на располагање и ќе ги информира граѓаните за сите релевантни промени во состојбата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top