Македонија

(Фото): Антонио Кошта слета во Скопје

Во Скопје Кошта допатува од Тирана, а посетата ја почна од Сараево. Утре, Кошта ќе се упати кон Приштина, а в четврток ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора. На 5 јуни Кошта ќе биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан, чија главна тема е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, пристигна во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Кошта на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

  • Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје. Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Посетата претставува значајна можност за размена на мислења за европската перспектива на државата, реформската агенда и понатамошните чекори во евроинтегративниот процес. Очекуваме отворена и содржајна дискусија за надминување на предизвиците и забрзување на европскиот пат на државата, напиша на Фесбук министерот Муцунски.

Веднаш по пристигнувањето, Кошта замина во Владата на разговори со Мицкоски. Предвидена е  тет-а-тет средба по што ќе следува состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.

Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни. Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците во врска со проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

  • Мојата втора турнеја на Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална; исто толку реална колку и можноста за проширување. Импулсот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати – изјави Кошта пред посетата на регионот.

Во Скопје тој допатува од Тирана, а посетата ја почна од Сараево. Утре, Кошта ќе се упати кон Приштина, а в четврток ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора. На 5 јуни Кошта ќе биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан, чија главна тема е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Најнови вести од: Македонија

Хоџа: Ќе има кривична и морална одговорност за загадената вода во Гостивар

Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија, вели министерот за животна средина

АХВ: Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи

Граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на здравствените институции и локалната власт во однос на користењето на водата, сè до добивањето на конечните резултати и целосно нормализирање на состојбата

Друпади Мурму ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза

Со највисоки државни и воени почести, претседателката на Индија, Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката на Македон ија Гордана Сиљановска-Давкова

To top