Македонија Бизнис

(Фото): Двојно поевтино е да се купи стан на море, отколку во центарот на Скопје

Откако становите речиси двојно поскапеа во Македоника, граѓаните решија да вложат во земјите од соседството. Трендот на купување недвижности на грчкото крајбрежје од страна на македонските граѓани, кој почна по ковид-пандемијата, а кулминира во 2024 година, сега се сели и во другите соседни земји – Албанија и Србија, објави Факултети. Македонците сѐ повеќе купуваат недвижности во […]

Откако становите речиси двојно поскапеа во Македоника, граѓаните решија да вложат во земјите од соседството. Трендот на купување недвижности на грчкото крајбрежје од страна на македонските граѓани, кој почна по ковид-пандемијата, а кулминира во 2024 година, сега се сели и во другите соседни земји – Албанија и Србија, објави Факултети. Македонците сѐ повеќе купуваат недвижности во овие три земји, но сега причината не е само уживањето во одморот, туку е повеќе бизнис, односно потенцијалните купувачи гледаат да остварат приходи со изнајмување или со продажба на недвижноста по одредено време со оглед дека цените на станбениот квадрат рапидно растат и кај нас и во соседството.

Македонците најмногу купуваат во Грција поради географската близина, топлата клима, прифатливите цени и начинот на живот кој има многу сличности, но е далеку поквалитетен од нашиот. На плажите крај Солун и полуостровот Халкидики се стигнува во просек за три-четири часа од која било точка во Македонија, што ги прави недвижностите атрактивни за викенд-посета или викенд-изнајмување.

Цените на недвижностите во Грција постепено закрепнуваат и растат, што на купувачите им дава сигурност дека нивната инвестиција ќе се зголеми во вредност. Па така, оној што купил стан во Солун или на Халкидики пред 10 години за 40.000 евра, сега може да го продаде за 120.000 евра, што е добар профит за стан кој бил амортизиран само 10 години.

Според некои агенции за недвижности, македонските граѓани најмногу купуваат имот во Солун и крајбрежните места на Халкидики поради нивната близина и достапност. Велат, купувањето имот во Грција се смета за сигурна инвестиција, безбедна со оглед дека земјата е членка на ЕУ и на НАТО, но и поради правната сигурност и стабилните услови.

Како се движат цените на недвижностите во Грција?

Според информациите од нашите агенции кои нудат станови на продажба во Солун, Атина и Халкидики, македонските граѓани најмногу бараат помали имоти и се подготвени да платат од 60 до 70.000 евра, но според сегашните просечни цени, за тие пари може да се најде само еднособен стан кој не е во близина на морето.

Цените на недвижностите на Халкидики варираат во зависност од локацијата и близината до плажата. На полуостровот Касандра просечните цени на становите се движат од 1.800 до 3.000 евра за квадратен метар, додека на Ситонија се малку пониски и се движат од 1.500 до 2.500 евра за квадратен метар. На полуостровот Атос, кој важи за малку помирно и порурално место, цените се движат од 1.200 до 2.000 евра за квадратен метар, додека новата градба на популарни локации може да достигне од 3.500 до 4.000 евра за квадратен метар.

Солун е најатрактивен град во кој Македонците купуваат имот. Градот нуди богат културен живот, шопинг, туризам и е на само 70-ина километри од македонско-грчката граница.Цените на недвижностите во Солун се движат од 2.000 до 2.500 евра за квадратен метар во популарните делови на градот. Во централните области, како Ано Поли и Лададика, цените можат да достигнат и до 3.000 евра за квадратен метар, додека предградијата и помалку популарните области се попристапни, а цените почнуваат од 1.700 евра за квадратен метар.

Неа Каликратија, мало популарно место за Македонците кое се наоѓа на почетокот на првиот крак Касандра, нуди цени од 1.300 до 2.200 евра за квадратен метар, но без директен излез на плажа. Во првиот ред некои апартмани може да достигнат цена од 3.000 евра за м2.

Паралија, исто така, е популарна населба која се наоѓа во областа Пиреја на автопатот Солун-Атина. Можеби нема кристално чисти плажи, но до неа се стигнува побрзо од Македонија и нема метеж како на Халкидики. Цените на недвижностите во Паралија се движат од 1.500 до 2.500 евра за квадратен метар, додека становите во близина на плажа можат да достигнат цена и до 3.000 евра за квадратен метар.

Во Полихроно, на првиот крак, познато место по ноќниот живот, еден наместен стан од 42 м2 со поглед на море се продава за 105.000 евра, а простран кат од 93 м2 во куќа со 6 соби и поглед на море се продава за 167.000 евра. Цените се движат од 1.700 до 2.800 евра за квадратен метар.

Во првиот квартал од 2025 година, областа Касторија во Грција е на врвот на листата со најевтини области во Грција за купување недвижен имот. Тоа е ретко населена област која заостанува во некои основни аспекти – како што се здравствените услуги. Повеќе на Факултети.мк.

Најчитани вести

Нема вести со доволно читања во последните 7 дена.

To top