Македонија

(Фото галерија): Пуштен во употреба мостот кај Башино Село во Велес

При градежните работи се третираше долниот дел од мостот, се постави нов вид материјал на столбовите за да се зацврстат, и со најсовремено решение се третираше мостот од внатре. Се работеше на нивна заштита, се направи армирање на носачите на мостот коишто беа оштетени и се изврши нивно наново бетонирање, како и зајакнување од нивната долна страна.

Решен и саниран повеќе деценискиот проблем со мостот на река Вардар кај Башино село и целосно ставен во функција. Во ова денеска се уверивме заедно со премиерот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Велес Марко Колев, како и пратениците од регионот, но и професорите од Градежниот факултет, сподели денеска директорот на ЈПДП, Коце Трајанковски.

Повторно е во функција мостот на реката Вардар кај Башино Село во Општина Велес. По зајканувањето на неговата долна конструкција, односно гредите и столбовите, мостот издржува товар до 40 тони и граѓаните можат безбедно да се движат.

Мостот е изграден во 1971 година, пред повеќе од 5 децении. Во последните 15 години беше високо ризичен за минувачите, поради што Владата, по препорака на Градежниот факултет, во јануари годинава беше задолжена да го затвори.

  • По 6 месеци повторно сме тука, со исполнето ветување кое тогаш го дадовме пред граѓаните. Ги завршивме работите на мостот многу побрзо од што се очекуваше. Се зајакнаа гредите и столбовите и сега мостот е стабилен и функционално е многу јак – истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Тој најави дека во соработка со Министерството за транспорт веќе е во фаза проектирање на нов мост.

  • Проектирањето е при крај, се надеваме дека во втората половина на годината ќе се објави тендерот за изградба на мостот и тоа по нова технологија, што досега не сме ја имале во земјава – рече Трајановски.

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека мостот е пуштен во употреба и дека безбедноста е на прифатливо ниво.

  • Сега сите сме сведоци дека повеќе не треба да ја користиме честичката „ќе“, туку „е“ – мостот е пуштен во употреба, бидејќи веќе сообраќаат тука возила и товарни и лесни патнички, така што цениме дека безбедноста е на прифатливо ниво. Овој потфат беше прилично брз, ефикасен и еве, конечно мислам дека ќе успееме да обезбедиме побрз транспорт во рамките на градот Велес – рече Мицкоски.

Според градоначалникот на Велес Марко Колев, во изминатите 15 години ниту еден премиер или министер не презел ништо за санација на мостот.

  • Кога локалната и централната власт седнуваат на маса и разговараат, доаѓаат до вакви решенија за проблемите што ги мачат граѓаните. Преку 15 години мостот беше проблем. Не знам колку премиери и министри за транспорт и колку директори на јавни претпријатија дојдоа на оваа локација, но даваа ветувања од кои немаше ништо. Пред 6 месеци, по добивањето на извештајот од Градежниот факултет за алармантноста на состојбата, мостот беше затворен. Факултетот направи техничко решение, Владата овозможи негова реализација и денес веќе долниот дел од мостот е целосно реконструран. Мостот е пуштен за сообраќај во двата правца, граѓаните можат безбедно да се движат. Пораката до граѓаните е без страв да се движат по мостот – истакна Колев.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Филипче и опозицијата треба да се извинат, а не да шират хистерија и критикуваат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија, истакна дека Брисел го толкува процесот на проширување како унификација на Европа со економско, но пред сè безбедносно значење за ЕУ, во услови на сложен геополитички контекст.

Јовева: Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и БиХ

Европската комисија и треба јасно и гласно да се каже дека Македонија има напредок. Мислам дека земјата напредува и дека е на добар пат во процесот на пристапување кон Европската Унија, вели словенечката европратеничка

ВРЕДИ: ДУИ без власт тоне во паника

„Албанците не паднаа во замката на „референдумот“ што ДУИ/НАИ, со Ахмети, Таравари и Села, се обидоа да го продават како некакo политички спас. Таа манипулативна кампања, изградена врз лаги и лажен патриотизам, се урна пред волјата на Албанците кои јасно го кажаа својот збор. Со освоени десет општини, ВЛЕН им го одзеде алибито и им […]

To top