Македонија

(Фото галерија): „Вардариште“ како гасна централа – Што всушност дишат скопјани?!

Главоболка, печење на очите и грлото стана секојдневие, се жалат скопјани. Жителите кои живеат во близина на депонијата „Вардариште“ алармираат дека ноќе се приморани да бидат во затворени дома, но смрдеата навлегува и внатре во собите. Лекарите велат се е бадијала.

Чад, лоша миризба, отровни честици. Повторно гори депонијата „Вардариште“. Со децении властите на Скопје не можат да го решат проблемот кој е закана за здравјето на граѓаните. Лекарите алардмираат дека токсичниот воздух е сериозен ризик по здравјето на сите.

Еко-активистите по кој знае кој пат алармираат дека проблемот мора итно да се реши. Дивата депнија не им дава мир на жителите на Аеродром и Гази Баба. Велат дека посебно ноќе, состојбата е неподнослива.

Депонијата е огромна. Веднаш до неа има објекти на фирми, куќи, а насобраното ѓубре се обвива околу нив, како река која прави пат на лошиот терен.

Состојбата е излезена од контрола – екоцидот тропа на голема врата, реагираат граѓаните. Еколошките организации велат дека властите сосема ги заборавиле граѓаните чие здравје се нарушува од најцрната точка на Скопје – Вардариште. 

За депонијата има изработено физибилите стидија пред 10 години која предвидува ремедијација на земјиштетото – изработка на два дупа како и изградба на градски парк. Но, студијата веќе е мртво слово на хартија.

Претходно, полицијата поднесе кривична пријава против тројца за загрозување на животната средина, а Обвинителството отвори истрага.

 

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top