Македонија

(Фото): Град Скопје нема намера да чисти, ѓубрето останува главен декор и „огледало“ на метрополата

Состојбата е очигледна – сметот не се собира ниту од големите контејнери во центарот, ниту од улиците во населбите. Наместо редовно чистење и хигиена, секој агол на Скопје е веќе претворен во потенцијална депонија.

Срам и резил за една метропола. Скопје како голема депонија. И покрај реакциите на граѓаните и на градоначалниците на скопските општини, ниту Град Скопје ниту ЈП „Комунална хигиена“ сè уште не преземаат поинтензивни активности за да ја подобрат состојбата со насобраното ѓубре во и околу контејнерите и во кантите.

Очигледно дека Град Скопје нема намера ни во блиска иднина да мрдне со малиот прст. Оттаму не одговорија дали ќе преземат акција за чистење на градот, бидејќи состојбата со хигиената е очајна, ниту зошто не се собира сметот од контејнерите и од кантите на домаќинствата, иако скопјани плаќаат за тоа.

Нема одговор ниту на прашањето, иако скопската градоначалничка се изјасни дека може да се исчисти градот за седум дена, зошто не е сторено тоа досега или барем да се спроведе деновиве.

Градските власти ја префрлија надлежноста на ЈП „Комунална хигиена“.

  • Одлуките ги носат членовите на Управниот и на Надзорниот одбор на претпријатието, кои ги избира Советот на Град Скопје. За сите тековни редовни и вонредни работни активности согласно со годишната програма на претпријатието, одговори може да даде единствено правното лице, кое постапува согласно со тие утврдени надлежности, односно „Комунална хигиена“ – кратко одговорија од Град Скопје.

И во свој препознатлив стил, вината ја префрлија на ВМРО-ДПМНЕ, давајќи ги познатите образложенија.

  • Кандидатот Орце Ѓоргиевски, чија партија е власт во Советот на Град Скопје и целиот Управен одбор и Надзорен одбор на „Комунална хигиена“ – Скопје се управувани од нивни кадри четири години, изјави дека ќе го стори тоа за 72 часа, што значи можеле да го направат тоа секој момент во изминатите четири години. Наместо тоа, преку управните органи што ги раководат ВМРО и ВЛЕН, тие одлучија да ги урнисаат јавните претпријатија, блокираа одржување возила, спречуваа набавка на нови комунални возила, а сè со цел да се дефокусира од вистинските проблеми – нагласија  од Град Скопје.

Општинските градоначалници и понатаму го гледаат излезот од хаотичната ситуацијата со сметот во Скопје во тоа што ќе се потпираат на сопствените сили.

Неподносливото трупање на отпадот во Скопје не е само естетски проблем. Стоената храна и сметот создаваат средина за бактерии и микроорганизми кои можат да предизвикаат стомачни инфекции, дијареа и други болести. Преполните контејнери привлекуваат инсекти и глодари што дополнително носат ризик од заразни болести, додека токсичните гасови од распаѓањето на отпадот ја загадуваат околината и влијаат на дишењето и здравјето на граѓаните. Десетдневното запоставување на собирањето на ѓубрето го претвора градот во сериозна здравствена закана.

Најнови вести од: Македонија

Ново семејно насилство: Скопјанецот Љ.И. (35) ја претепал сопругата (31) и ја избркал од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!

Вчера, на 2 април 2026 година околу 19 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Најнови вести

To top