Македонија

(Фото): И дење и ноќе – Скопје се чисти како никогаш до сега, рокот од 72 часа истекува в недела

Акцијата за почисто Скопје е во полн ек. Новиот градоначалник Ѓорѓиевски и надлежните служби имаат рок уште неколку часа да го реализираат предизборното ветување за уреден и чист град. И дење и ноќе – Скопје се чисти како никогаш до сега, рокот од 72 часа истекува в недела.

Градоначалникот на Скопје објави видео снимено од дрон на кое е прикажана голема акција за чистење на Скопје, како и коритото на реката Вардар од натолжената тиња и од ѓубрето, како и поставувањето канделабри на плоштадот Македонија.

Екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“ работат на чистење на коритото и косините на реката Вардар ниц централното градско подрачје. Од претпријатието велат дека екипите се активни со машинско и рачно отстранување на насобраниот отпад.

Акцијата се спроведува со целосен работен капацитет и расположлива механизација на претпријатието. Од „Улици и патишта“ велат дека работниците рачно ја отстрануваат насобраната пластична амбалажа и ситниот смет од косините на реката.

Со употреба, пак, на багери и друга механизација, машински се чисти кабаст и земјен материјал, насобран во централниот дел на кејот.

Екипите вклучени во акцијата на Град Скопје за чистење на градот, како што велат од претпријатието, работат со целата механизација и работен капацитет и додаваат дека ќе се работи сè до целосно расчистување на кејот на реката Вардар.

Дел од контејнерите низ главните булевари беа чисти. Покрај други пак, не се минуваше поради страшната смрдеа која произлегуваше од отпадот.

Најнови вести од: Македонија

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Најнови вести

To top