Македонија Бизнис

(Фото): И дење и ноќе, со полна пареа се гради автопатот Кичево-Охрид

Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска беше на увид на градежните активности на автопатот Кичево – Охрид.

Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска беше на увид на градежните активности на автопатот Кичево – Охрид.

  • Би сакал само можеби да напоменам дека оние делови од оваа делница на автопатот Кичево – Охрид каде што има свлечишта се работат, при тоа се работат и проекти за стабилизирање на земјиштето бидејќи е тоа многу важно за да може целата траса да биде пуштена и завршена. Оние неколку километри кај селото Ботун, но и оние практично километри кои што го поврзуваат тунелот кај Врбљани со Кичево, практично од излезот на тунелот до Кичево, таму имаме 10тина , ваму имаме 5, 6.

Така што очекувам и тоа да се заврши, веќе од есен да се работи на стабилизација и на тоа земјиште, односно теренски работи, градежни работи со што целата секција практично од Кичево до Охрид ќе биде стабилизирана и безбедна за возење. Како што кажа и министерот патот беше предвиден без исклучоци, без стабилизирано земјиште, со многу свлечишта итн., но тоа паралелно се работи и динамиката е задоволителна.

  • Затоа ние денеска го правиме овој увид за да ги охрабриме компаниите кои што работат дека треба да се заврши за да бидеме автопатски поврзани, и овој автопат кој што се гради да биде конечно завршен после повеќе од една деценија.

Исто така сакам да напоменам дека со несмалена динамика се работи и на други три делници и автопати, тоа се Тетово-Гостивар, Гостивар- Букојчани и Прилеп- Битола.

  • И тоа би ги додал оние два повици, тендерски процедури на две други автопатски делници, а тоа се Букојчани- Кичево и Г.П.Блаце- Скопје. Тие се во фаза на евалуација, поднесување на финансиски понуди и слично. Така што навистина имаме една голема офанзива која што очекувам да резултира со конечно завршување и заокружување на автопатската инфраструктура во Македонија.

Уште еднаш да се заблагодарам на сите компании и работници кои што работат на оваа делница деноноќно и се трудиме што побргу да го завршиме тоа што е почнато пред повеќе од една деценија. Да се заблагодарам на сите оние кои што го користат овој пат, на охриѓани, на стружани на сите кои што живеат тука за трпението, но мораме да го завршиме. Подобро вака, отколку да стои незавршено и да биде споменик на едно време.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top