Македонија

(Фото): Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство

Двајцата премиери разговарале и за инфраструктурната поврзаност, енергетската стабилност и регионалната соработка, оценувајќи дека во услови на глобални предизвици, силните партнерства се клучни за обезбедување стабилност и развој. Беше истакната и важноста на поддршката што нашата држава ја добива од Унгарија во контекст на европската перспектива, при што беше нагласено дека процесот на интеграција треба да се темели на принципиелност и мерит-систем.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Будимпешта, Унгарија, оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а се обрати и на настан организиран од „Mathias Corvinus Collegium“ (MCC), престижна научна, образовна и истражувачка институција. Во фокус биле продлабочување на економските односи, размена на искуства и отворање на нови пазари и перспективи меѓу Македонија и Унгарија. Премиерот Мицкоски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Виктор Орбан. За Мицкоски Унгарија отсекогаш важела за искрен и докажан партнер на Македонија,а двете земји делат заеднички вредности, што се темелат на стратешко партнерство. И двајцата средбата ја оценија како позитивна и најавија конкретни проекти од интерес за граѓаните.

  • Во време на предизвици, силните пријателства и јасната визија се клучни за стабилност и развој. Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели“, објави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Мицкоски се обрати и на бизнис форумот во Будимпешта. Нагласи дека директната комуникација меѓу двете земји е клучна за воспоставување на нови партнерства и зајакнување на економската соработка. Премиерот упати јасна порака до деловната заедница дека Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нудејќи поволни услови, стратешка географска позиција и квалификувана работна сила. Тој ги охрабри унгарските компании да ги разгледаат можностите за инвестирање во земјата, но истовремено потенцираше дека македонските компании се подготвени да ги прошират своите активности и на унгарскиот пазар.

Во делот посветен на економските перформанси, Мицкоски истакна дека Владата спроведува политики насочени кон создавање на стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина. Како резултат на тоа, во 2024 година, Македонија достигна историски највисоко ниво на странски директни инвестиции,  во износ од  околу 1,25 милијарди долари, што ја позиционира меѓу водечките дестинации во Европа, според инвестиции по глава на жител.

Мицкоски изрази уверување дека овој форум ќе резултира со конкретни договори, нови деловни врски и долгорочни партнерства кои ќе придонесат за економскиот развој на двете земји. На форумот беа претставени неколку десетици македонски компании кои директно се вмрежуваат со унгарската бизнис-заедница, што претставува огромна можност за искористување на постојните потенцијали.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Кога Скопје ќе го добие долгонајавуваниот БРТ транспорт?!

Проектот предвидува изградба на две главни линии – Исток–Запад и Север–Југ, како и набавка на современи нископодни автобуси на CNG или хибриден погон, воведување паметни станици и интегриран систем за управување со сообраќајот.

Мицкоски: Повторното воспоставување линија Скопје – Будимпешта e значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот

Повторното воспоставување на линија Скопје – Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот, објави премиерот Христијан Мицкоски по пристигнувањето во Будимпешта, каде, како што е најавено, ќе престојува во политичко-економска посета на Унгарија. -Дополнително, македонските граѓани можат слободно да патуваат, што значително ќе ја олесни мобилноста, ќе поттикне културна размена. Ваквите иницијативи се важен чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и приближување кон европските стандарди – објави Мицкоски на Фејсбук.

(Фото): Владата посветена на обезбедување континуирана поддршка за сите општини

Преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, во Општина Новаци се финансираат три проекти во вредност од 8.414.556 денари, додека пак преку Инрегег ИПА Програмата со Република Грција се имплементира Проектот TOUR-HUB – Дигитално унапредување на културното наследство и туризмот, во вредност од 342.542 евра.

To top