Македонија

Третина од преживеаните и повредените од пожарот во Кочани се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

50 пациенти се лекуваат на ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија по трагичниот пожар во Кочани

Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици, потенцираше проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората Научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје.

Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници кои биле лекувани во рамки на третманот на лузни со PDL (PulsedDye Laser) на Универзитетската клиника за дерматологија. Резултатите покажуваат дека кај една третина од испитаниците е регистрирана анксиозност, 27,5 проценти имаат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСР), а 21,6 проценти се соочуваат со депресија.

Истражувањето е спроведено во периодот од јануари до март 2026 година и ќе биде дополнително истражувано со цел да се добијат научно верификувани податоци за психолошките последици од една од најтешките трагедии во поновата македонска историја.

„Пожарот во клубот Пулс претставува масовна несреќа од човечки фактор, настан кој според литературата носи значително повисок психијатриски морбидитет од природните катастрофи“, изјави проф. д-р Арсова.

Дури 72 проценти од испитаниците пријавиле загуба на блиска личност во трагичниот настан, што се покажува како значаен фактор за појава на ПТСР. Истовремено, 96 проценти го наведуваат семејството како главен извор на поддршка, што ја нагласува неговата клучна улога во процесот на опоравување.

„Забележително е дека најголем дел од поддршката се бара кај семејството и од една страна е добро што кај нас опстојува оваа поврзаност со семејството. Сепак, од друга страна, сè уште егзистира стигмата кога станува збор за барање стручна помош“, истакна Арсова.

Еден од најзначајните наоди од истражувањето е улогата на механизмите за справување со траумата. Избегнувачкитестратегии, како повлекување, емоционално оттурнување и негирање се директно поврзани со повисоки нивоа на психолошки нарушувања и можат да доведат до продлабочување на симптомите. Истражувањето дополнително покажува дека жените се особено ранлива категорија, со повисоки нивоа на анксиозност, депресија и ПТСР.

„Избегнувањето на проблемот, емоционалното дистанцирање, самодистракцијата, негацијата, како и употребата на психоактивни супстанции и алкохолпретставуваат ризични и неефикасни стратегии за справување со траумата“, предупредува проф. д-р Арсова.

Во истражувањето биле вклучени 72 проценти мажи и 28 проценти жени, од кои најголем дел се на возраст од 18 до 29 години.

ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија најавува дека ќе продолжи со систематско следење и научно истражување на психолошките последици од трауматскиот настан во Кочани, со цел навремено препознавање, намалување на стигмата и обезбедување соодветна стручна поддршка за сите засегнати граѓани од трауматскиот настан.

Најнови вести од: Македонија

Жештини, невремиња и пожари: Сè поголем товар за инфраструктурата

Научниците предупредуваат дека не може секој поединечен топлотен бран директно да се припише на климатските промени. Сепак, според Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), глобалното затоплување придонесува ваквите екстремни временски појави да стануваат сѐ почести, поинтензивни и подолготрајни.

ВМРО ДПМНЕ: Предавниците, кои тајно преговараа, денес држат лекции за патриотизам и транспарентност!

Паниката во СДСМ расте, а конфузното соопштение на СДСМ е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Венко Филипче ја сведе маргините – во едно соопштение мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Муцунски: Идејата за уставни измени стана политички токсична, бидејќи се направија премногу отстапки!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски порача дека Македонија заслужува предвидлив и доверлив пат кон полноправното членство во Европската Унија, оценувајќи дека граѓаните се уморни од постојаното „поместување на стативите на голот“. Оваа изјава тој ја даде за денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“. Притоа Муцунски истакна дека „идејата за уставни измени станала политички токсична“, поради, како што истакна, „премногуте направени отстапки“, а од друга страна и сомнежот дека Бугарија ќе поставува нови барања во иднина.

Најнови вести

To top