Македонија

(Фото): Можно ли е вработени во „Дрисла“ намерно да ја потпалуваат депонијата?!

Надлежните открија дека имало најмалку три обиди за ново палење. Побараа засилено полициско присуство и дополнителни методи на набљудување, бидејќи дел од депонијата е необезбеден и лесно достапен.

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Стојанче Ангелов најави засилено обезбедување, а полицијата разговара со вработените за кои има сомнение за евентуално учество однатре во подметнувањето на пожарот. Како што рече првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, имало најмалку три обиди за палење на депонијата, но биле навреме изгаснати.

  • „Припадниците на криминалистичката полиција ќе позборуваат со вработените дали постои можност некој од внатре да учествува во подметнувањето на пожарите или можеби некој од надвор доаѓа, веројатно малку физички спремен со канта бензин или шише бензин, зашто се работи за запаливи гасови, да го подметне пожарот“, рече Ангелов.

Министерот за животна средина Изет Меџити рече дека Град Скопје е одговорен за овој проблем. Ако не може да се справи со проблемот, Министерството ќе преземе ригорозни мерки, а оттаму испратиле и еколошка инспекција.

Од Јавното претпријатие „Дрисла“ рекоа дека таа е единствената лиценцирана санитарна депонија која не гори отпад, туку го стерилизира, што значи нема можност за загадување.

  • „Му упатуваме повик на Министерството за внатрешни работи да започне истрага за да ги открие и санкционира потпалувачите, за кои се сомневаме дека се политички мотивирани за да го одвлечат вниманието од реалните проблеми. Депонијата „Дрисла“, без вакви намерни инциденти, нема потенцијал за загадување и функционира според највисоките стандарди“, велат од „Дрисла“.

Од Министерство за животна средина велат дека нема надминувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во Скопје.

  • „Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година, не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂, NO₂, CO и O₃“, соопштија од Од Министерство за животна средина.

Периодов ќе бидат употребени повеќе методи за набљудување на депонијата, како и засилено полициско присуство, со цел откривање на евентуални потпалувачи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top