Македонија

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го оцени Буџетот за 2027 година како „најтежок буџет“ од аспект на креирањето на приходните и на расходните ставки со оглед на сегашна глобална економска состојба, цената на енергентите, долговите што треба да се вратат и големата неизвесност во иднина. Таа потенцираше дека наредната година, само за да се отплатат долговите потребни се 124 милијарди денари (околу 2 милијарди евра). Сепак, според министерката, на расходната страна се предвидени сите законски обврски, па ќе има зголемување на платите, пензиите, планирани социјални надоместоци и капитални инвестиции.

  • Јасно е дека мора да има нова еврообврзница – децидна е министерката на денешниот брифинг со новинарите.

Приходната страна на буџетот е планирана на 6,4 милијарди евра, а расходната на 7,2 милијарди. Капиталните инвестиции ќе изнесуваат 40,8 милијарди денари (околу 660 милиони евра).

  • Сакаме реално да ги прикажеме капиталните инвестиции, а не како во минатото кога се дадени 15,8 милијарди денари на „Бехтел и Енка“ да си купат опрема, која останува во нивна сопственост, а тоа да го покажеме како инвестиција – рече министерката. Има пари за автобуси и за оваа и за наредната година. Тоа е повеќегодишна набавка и да кажам условно, таа се плаќа на рати. Има и 2 милиони евра за амбулантни возила – рече министерката.

Министерката посебно посочи некои проекти за кои деновиве се развила дискусија дали се предвидени пари во буџетот.

Вкупниот износ планиран за плати е 57,2 милијарди денари (околу 930) милиони евра и тој е повисок за 6,6 проценти во однос на Буџетот за годинава.

  • Зголемувањето е поради почитувањето на колективните договори. Но, еднаш засекогаш мора да се знае за која позиција каква плата следува. Сега, во јавниот сектор има различни плати за исти позиции – посочи министерката.

Во Буџетот за 2027 година за пензии се предвидени околу 2 милијарди евра, но пензискиот придонес не е доволен за да се покријат тие. Министерката Димитриеска-Кочоска објасни дека за да се исплатат пензиите од буџетот треба да се додадат 42 милијарди денари, односно околу 680 милиони евра. Но, дополнително од буџетот се префрлаат и таканаречени транзициски трошоци, пари наменети за приватните пензиски фондови во износ од 19,6 милијарди денари (околу 320 милиони евра).

  • Од 158 милијарди денари потребни за целиот пензиски систем, околу 62 милијарди денари ќе се добијат од централниот буџет – појаснија од Министерството за финансии.

Министерството за финансии ги откри и проекциите за јавниот долг во 2027 година. Тој ќе достигне до 12,3 милијарди евра и прелиминарните проекции се дека ќе биде 59,7 проценти од бруто-домашниот производ. За годинава, пак, проекциите се дека ќе биде 11,25 милијарди евра, што е 58,2 проценти од БДП.

  • Ако во минатото, некаде до 2015 година, кај нив од државната каса се трансферирале по околу 1,3 милијарди денари, сега се 8 милијарди денари. Значи, ние годишно кон нив префрламе по над 100 милиони евра и тоа е сериозно оптоварување на буџетот. Се соочивме со јавни претпријатија и со државни компании во многу лоша состојба – потенцираше министерката.

Министерката за финансии посочи дека фискалните ризици значајно доаѓаат од јавните претпријатија и од акционерските друштва со државна сопственост.

Најнови вести од: Македонија

Уставни измени во 2001: Треба да се спречи Македонија и целосно да ја изгуби својата „македонска душа“ како држава! (3)

Ноемвриските уставни амандмани од 2001 година „инсталираа“ „фабрички дефект“ во функционирањето на политичкиот систем преку воведувањето на „консензуалната“, „договорна демократија“, предвидена да ја практикуваат „етничките поглавари“ на Македонците и Албанците. Експертите посочуваат дека таквата „договорна демократија“ ја претвори Македонија во непрогласена „двонационална држава“ со „отворена перспектива“ наместо унитарна држава да стане и „двокантонална федерација“, или можеби и конфедерација. Сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова учествувајќи на една научна расправа во МАНУ пред 19 години, тогаш како професорка по уставно право и уставен систем, констатираше дека „во 2001 година врз македонската држава беше спроведен рамковен и уставен инженеринг во режија на меѓународната заедница“. Силјановска-Давкова уште тогаш имаше изнесено предупредување дека е реална заканата „Македонија да стане ‘држава без душа’ (‘soulles state’).

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! – Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

Врвни светски експерти предупредуваат дека со уставните измени од 2001 Македонија може да стане „македонско-албанска држава“! (2)

На 16 ноември 2001 година Собранието на Македонија ги прогласи 15-те амандмани на уставот, кои произлегоа врз основа на Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001 година. Амандманите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17 станаа составен дел на највисокиот правно-политички акт на Македонија. Овие 15 амандмани на уставот на Македонија од 16 ноември 1991 година означија длабоки и суштински, би се рекло тектонски промени во уставниот поредок и политичкиот систем на државата. Македонија престана да биде национална држава на македонскиот народ. Првпат во историјата на конституционализмот е сменета една преамбула без да се донесе нов устав. Во новата преамбула, наметната со масивната надворешна интервенција на меѓународниот чинител, беа ревидирани историската меморија и историската вистина за државотворноста на македонскиот народ, потврдена со одлуките на Првото заседание на АСНОМ од 1944 година. И не само тоа: тие уставни промени од 16 ноември 2001 година, нагласуваат уставните и други експерти во своите научни студии, можат да бидат причина во одредени услови сегашното унитарно државно устројство да биде заменето со бинационален државен концепт, македонско-албански.

Пецаков: Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид, ги повикувам надлежните институции да постапат

„Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен! “ – објави попладнево градоначалникот на Охрид на својот фејсбук-профил во врска со случајот на претепаната и тешко повредена девојка, која била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички нападната од нејзиното момче. По инцидентот, таа итно била пренесена во болница, каде што била задржана на лекување, а осомничениот е приведен. За случајот, полицијата го лиши од слобода 31-годишниот Х.К. од Охрид.

Лиав Оргад и Виолета Ачковска: Уставните измени од 2001 ја “избришаа“ Македонија како национална држава на македонскиот народ, но и придобивките од АСНОМ! (1)

 На 16 ноември 2001 година Собранието на Македонија ги прогласи 15-те амандмани на уставот, кои произлегоа врз основа на Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001 година. Амандманите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17  станаа составен дел на највисокиот правно-политички акт на Македонија. Овие 15 амандмани на уставот на Македонија од 16 ноември 1991 година означија длабоки и суштински, би се рекло тектонски промени во уставниот поредок и политичкиот систем на државата. Македонија престана да биде национална држава на македонскиот народ. Првпат во историјата на конституционализмот е сменета една преамбула без да се донесе нов устав.

Митевски: Мисирков и кога немавме држава согледа што го дефинира идентитетот на македонскиот народ! Денес се чува неговата идеја!

„Симбол на интелектуалната храброст, на научната посветеност и на стремежот кон македонската национална самобитност. Најдостоинствен начин да го чествуваме Мисирков е неговите идеи да не останат само дел од историското паметење, туку да бидат поттик и инспирација за современата научна и културна дејност.“ – ова се некои од пораките од отворањето на третото издание на манифестацијата „Мисиркови денови“, која годинава е посветена на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков (1874–1926) – прв кодификатор на македонскиот јазик, славист, историчар, публицист, етнограф и преведувач.

„Н.М.“: Македонските граѓани децидно против „Бугари во Устав“ во замена за „преговори со ЕУ“!

„Францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија (влез на Бугари во Устав за почеток на преговори со ЕУ), според истражување на јавното мислење спроведено од три независни агенции, никако не успева да обезбеди поширока општествена поддршка.“ – се нагласува во анализата, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Најнови вести

To top