Македонија

(Фото): Потврдено: Волк се шетал низ Скопје, сега е во карантин во Зоолошката градина

Агенцијата за храна и ветеринарство демантираше дека изјавиле оти заловеното животно во скопската населба Козле е чипиран домашен миленик – куче, кое сопственикот бара да му биде вратено, а не волк како што се претпоставуваше.

Дефинитивно е волк животното што беше фатено на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле. Тој речиси цела вечер слободно шеташе низ населбата, по што граѓани пријавиле во полиција, по што бил заловен. Сега волкот е на безбедно, а „ЗОО Скопје“ ќе го згрижи и ќе му обезбеди соодветни услови во иднина. Периодов ќе биде во карантин под постојан здравствен надзор од стручни лица.

За случајот реагираше и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој остро ја осуди неодговорноста на поединци.

  • „ОВА НЕ Е САМО НЕОДГОВОРНОСТ, ТУКУ СЕРИОЗНА ОПАСНОСТ ЗА ЈАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ. ОЧЕКУВАМ ИНСТИТУЦИИТЕ ЦЕЛОСНО ДА ГО РАСЧИСТАТ СЛУЧАЈОТ“, НАПИША ЃОРЃИЕВСКИ НА ФЕЈСБУК.

За среќа, оваа ситуација заврши без последици, велат од полицијата, кои веднаш реагираа за случајот. Од Зоолошката градина потврдуваат дека станува збор за волк кој бил чуван како домашен миленик, што е незаконски.

Министерството за животна средина преку новиот закон предвидува можност дивите животни да бидат згрижени во прифатилишта. Постапувањето ќе се врши во согласност со утврдени протоколи, кои ќе обезбедат хуман третман на животните.

Надлежните институции апелираат граѓаните веднаш да пријавуваат нелегално чување диви животни, со цел да се спречат ризици и инциденти.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со вера, работа и љубов кон Македонија продолжуваме да градиме подобро утре за нашите деца и сите граѓани

„Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината!“ – порача претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани.

Поставена и осветена биста на македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце

Денес во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце е откриена и осветена биста на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ, кој во 2022 година е прогласен како  светец Кирил Лешочки.

Вреди: Абази ја затвори истрагата, Ахмети молчи, но кој ќе одговара за 14 загинати во модуларната во Тетово?!

„По вчерашната реакција очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Но не го добивме. Продолжува нивниот молк во врска со трагедијата во Тетово, во која загинаа 14 лица.“ – нагласува партијата Вреди.

ВМРО ДПМНЕ: Абази пред заминување доодработи за СДС и ДУИ и го спаси Филипче од одговорноста за модуларната болница во Тетово!

„Ова не е прв случај, во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети. Сега пред заминување си ја доработува задачата, за која беше поставен во време на СДС. Тој не го прогласи Филипче како виновен.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Ангелов: Утринава ветрот ги префрли пламените јазли кон Бонче, но храбрите пожарникари ја спречија катастрофата и ги спасија куќите!

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, каде утрово околу 4 часот силен ветер ги префрлил пламените јазици кон населеното место, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, огнот брзо се спуштил кон долот и се приближил до куќите, а ситуацијата била исклучително сериозна.

Најнови вести

To top