Македонија

(Фото): Се влошува состојбата во ловиштето „Јасен“

Првиот човек на институцијата, Стојанче Ангелов вели дека на терен се припадници на противпожарна бригада, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, но и на Национални шуми кои се обидуваат да го стават под контрола.

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ се влошува, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Првиот човек на институцијата, Стојанче Ангелов вели дека на терен се припадници на противпожарна бригада, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, но и на Национални шуми кои се обидуваат да го стават под контрола.

Ловиштето „Јасен“ подолг период е зафатен со голем шумски пожар. Непристапниот терен не им дозволува на службите да го стават под контрола. Ангелов веќе кажа оти претпоставките се дека станува збор за пожар создаден по природен пат, односно дека причината најверојатно е гром.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, на „Јасен“ гори мешана вегетација.

Во текот на денешниот ден до 18 часот на територијата на Македонија има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, а изгаснати се 6 пожари, информираат од ЦУК.

АКТИВНИ 2

1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума).

2. Општина Студеничани :с.Калдарец-Китка (мешана вегетација)

ИЗГАСНАТИ: 6

1. Општина Битола: с. Српци (ниска вегетација);

2. Општина Струмица: с. Банско (депонија)

3. Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација)

4. Општина Арачиново: с. Арачиново (ниска вегетација)

5. Општина Прилеп: с. Беловодица (ниска вегетација и деградирана шума)

6. Општина Кавадарци: с. Дреново (дива депонија)

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top