Македонија

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна Гора се блиски партнери и во периодот пред нас двете земји уште посилно ќе соработуваат, особено во делот на економијата и европската интеграција.

Посебен акцент се стави на можностите за зголемување на трговската размена и унапредување на економските врски меѓу двете земји, како и на подобрување на транспортната и воздушната поврзаност. Николоски истакна дека Владата посветено работи на регионалното поврзување како развојна политика. Подобрата инфраструктурна поврзаност, модерните патишта и железници и полесен проток на луѓе и добра се клучни за отворање нови пазари, привлекување инвестиции и создавање подобри услови за економски раст.

Соговорниците разговараа и за европската перспектива на регионот, при што беше нагласено дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија. Беше потенцирана потребата од меѓусебна соработка на земјите од регионот како дополнителен поттик за забрзување на реформите.

На политички план, се разговараше за актуелните состојби во Западен Балкан, регионалната стабилност и безбедност, како и за потребата од зајакнување на координацијата и заедничкиот настап на земјите од регионот пред европските партнери. Беше оценето дека постојат значителни неискористени потенцијали кои треба да се претворат во конкретни резултати и во таа насока беше заклучено дека Македонија и Црна Гора остануваат посветени на градење силно партнерство, со повеќе инвестиции, подобра поврзаност и економска размена и побрза европска интеграција на регионот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Завршија обуките за прва помош за воспитувачки и негователки во Карпош

Во текот на неколкудневната обука, стручни тимови на Црвениот крст, составени од координатор и доктор, преку теоретски предавања и практични вежби им овозможија на учесничките да ги надградат своите знаења и практични вештини за навремено и соодветно постапување во ситуации кога е потребна прва помош.

Контроверзниот Џамбаски бара коските од Гоце Делчев „да се вратат во Бугарија, исто како и на Самуил“!

Контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски бара коските од македонскиот револуционер Гоце Делчев да се вратат во Софија. Тој вели дека по Цар Самоил сега е на ред посмртните останки од Гоце Делчев да заминат за Бугарија. „По Цар Самуил на ред е и Гоце Делчев да се врати во Софија, во Македонскиот дом, каде што […]

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил!

„Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските позиции!“ – нагласува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски

Преку знаење до економска независност: „Diamond Mall“ ја започна програмата за зајакнување на жените во бизнисот

Програмата е дел од определбата на Diamond Mall да создава вредност за заедницата во која работи и да отвора можности што имаат значење и надвор од просторот на трговскиот центар. Како дел од одбележувањето на својот роденден, Diamond Mall традиционално секоја година реализира општествено одговорна иницијатива, насочена кон различни потреби во заедницата и создавање долгорочна вредност.

Волонтери од ТАВ Македонија подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица

Како дел од своите заложби за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија продолжува да ги поддржува локалните заедници преку волонтерски иницијативи и партнерства што ја промовираат солидарноста и социјалната инклузија, потврдувајќи дека и малите дела можат да направат значајна разлика.

Група лекари реагираат, поради „нелегитимност и низа скандалозни одлуки“ и бараат „одговорност во Лекарската комора“!

„Како лекари и членови на Лекарската комора со длабока загриженост и чувство на професионална одговорност реагираме, поради серијата неправилности, кои сериозно го нарушуваат интегритетот на изборниот процес, а со тоа и угледот на целата наша струка.“ – стои во дописот од група на доктори кои биле вклучени во тие избори.

Бугарија бара „гарантирање на правата на Бугарите во Македонија“, а Македонците за неа таму „не постојат“ и немаат никакви права!

„Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија.“ – изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во бугарското Народно собрание, објавија бугарските медиуми.

Најнови вести

To top