Македонија Бизнис

(Фото): В очи на летото – за над 400 денари поскапеа и кремите за сончање

Многу онлајн продавници нудат фалсификувана козметика, ама затоа онаа во дуќаните поскапе за над 400 денари. Ако кремите за сочање со фактор од плус 50, за дел од брендовите до лани чинеа околу 700 денари, сега нема под 1.000. Некои скокнаа и на дури 1.500 денари, цена што во никој случај не можат да си […]

Многу онлајн продавници нудат фалсификувана козметика, ама затоа онаа во дуќаните поскапе за над 400 денари. Ако кремите за сочање со фактор од плус 50, за дел од брендовите до лани чинеа околу 700 денари, сега нема под 1.000. Некои скокнаа и на дури 1.500 денари, цена што во никој случај не можат да си ја дозволат оние семејства кои имаат ниски примања.

Најдобро е да купувате козметички производи во продавниците, но кога се на попуст, бидејќи на тој начин можете да ги тестирате и да бидете сигурни дека тие ви одговараат.

Во меѓувреме, според последните објавени податоци на Заводот за статистика, инфлацијата во април 2025 година, споредено со истиот месец минатата година, бележи зголемување од 2,6%, додека индексот на цените на мало е зголемен за 2,7%.

Според информациите на ДПИ, цените на десетте основни прехранбени производи, како лебот, млекото, јајцата, брашното, маслото и јогуртот, засега остануваат стабилни. Министерот за економија, Бесар Дурмиши, веќе најави дека доколку се утврди поскапување поголемо од 15 проценти кај одредени производи, Владата ќе предложи поригорозни мерки.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top