Македонија

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Северна Македонија и Бугарија, што вчера во Ѓуешево го сторија заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и бугарскиот вицепремиер и и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, и на банките кредитори на проектот за железничко поврзување на двете држави.

Портпаролот на француското министерство за Европа и надворешни работи Паскал Конфавре во изјавата, која ја даде вчера, а денеска ја пренесува Француската Амбасада во Скопје, нагласува дека овој потпис сведочи за посветеноста на двете држави во прилог на регионалната интеграција и безбедноста на Балканот.

-Франција го поздравува денешното потпишување на договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, кој се однесува на изградбата на прекуграничен железнички тунел. Оваа стратешка инфраструктура е дел од проектот за развој на трансевропскиот Коридор 8, кој ги поврзува Јадранското и Црното Море. Овој потпис сведочи за посветеноста на Бугарија и Северна Македонија во прилог на регионалната интеграција и безбедноста на Балканот, нагласи Конфавре.

Тој дополни и дека овој договор сведочи и за способноста на, како што рече, „нашите два сојузника да го пронајдат патот на доверлив и плоден дијалог, што Франција целосно го поддржува, особено во перспектива на пристапувањето на Северна Македонија и на Западен Балкан во Европската Унија“.

Македонија и Бугарија се обврзаа на активности за изградбата на железничкиот тунел на Коридорот 8 со вчерашното потпишување на Договорот.

Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри, 1.189,30 метри на македонска територија, а 1.193,70 метри на бугарска.

Николоски и Грозданов вчера го истакнаа значењето на поврзувањето, а претставниците на Европската комисија изразија задоволство што двете страни го исполнуваат договореното од состанокот во јули во Брисел за откочување на проектот, но порачаа дека очекуваат навремена реализација.

Вицепремиерот Николоски вети посветеност и напорна работа за железничкото поврзување од македонска страна, кое рече дека ќе чини 810 милиони евра. Од трите планирани делници, првата е готова, втората е во изградба, а за третата  најави дека следниот месец ќе се распише тендер за изведувач.

Потпишувањето на Договорот го позадрави и ЕУ.  Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на мрежата Икс напиша оти изградбата на железницата е поттик во регионалниот развој и зајакнување на регионалната безбедност.

– Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничниот тунел на Коридорот 8 меѓу Бугарија и Северна Македонија – голем чекор напред во соработката меѓу двете земји и промоција на добрососедските односи. Освен што развива билатерални врски, новата железница ќе го поттикне регионалниот просперитет и ќе ја зајакне нашата заедничка безбедност, стои во објавата на претседателот на Европскиот Совет.

МИА

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Заев и СДСМ беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во времето на Зоран Заев и СДСМ, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа. Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени, велат од владејачката партија.

(Фото): Премиерот и градоначалникот на Скопје во ноќна обиколка на градот – како течат работите?!

Премиерот Христијан Мицкоски  и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во ноќна обиколка на метрополата извршиле увид на градежните работи на  булеварот Македонија, со кој Скопје ја добива својата прва подземна сообраќајница. Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук вели дека работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во […]

Прочка – празник за проштавање и покајание – Како, кому и колку да простуваме?!

Прочка или Велики поклади – ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Прочка е подвижен празник, датата му се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред  Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов […]

(Видео): Нема решение без систем, а ни “С ” од систем без одговорност, реагира „Анима мунди“

Популацијата на бездомни животни е предвидлив, математички објаснив феномен -секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија никаде не дале трајни резултати. Напротив, создаваат „вакуум ефект“ – испразнетиот простор повторно се пополнува ако изворот остане неконтролиран.

To top