Македонија

Фудбал, кошарка и одбојка на песок повторно се играат на Кејот на Вардар

Се уредува и градската плажа

Министерството за спорт реализира уште еден инфраструктурен проект во интерес на граѓаните и на спортот. Министерот Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пушти во употреба реконструираното мултифункционално игралиште на кејот на реката Вардар кај скопскиот Луна Парк.

Министерство за спорт

Ова е уште еден од проектите на Министерството за спорт од програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, реализиран во соработка со локалната самоупарва, со цел спортот да биде достапен за сите и да се промовира активен и здрав начин на живот, особено за младата популација.

Министерство за спорт

-Со секое ново или обновено спортско игралиште испраќаме јасна порака – спортот мора да биде блиску до младите. Нашата обврска како институции е да создадеме услови во кои децата и младите ќе изберат спорт, здрав живот и тимски дух. Министерството за спорт ќе продолжи со инвестиции во спортската инфраструктура, затоа што таа е темел за развој на спортот и на здраво општество. Имаме добра соработка со локалната самоуправа и само со заедничка заложба можеме да создадеме повеќе можности за спорт и активен живот за нашите граѓани – рече министерот Борко Ристовски.

Министерство за спорт

Реконструираниот простор на кејот на Вардар располага со игралиште за одбојка на песок како и фудбалско и кошаркарско игралиште со современа полипропиленска подлога, што овозможува побезбедни и поквалитетни услови за спорт и рекреација.

Министерство за спорт

Ѓорѓиевски истакнува дека се поставува нова урбана опрема, а се создаваат и современи фитнес-зони на отворено кои ќе бидат место за рекреација и здрав живот.

-На овој потег ќе се уреди и современа градска плажа кое ќе биде безбедно, чисто и достапно катче за одмор, спорт и дружење, кое ќе внесе нова енергија покрај реката и ќе го доближи Скопје до современите европски урбани стандарди, вели скопскиот градоначалник.

Град Скопје
Град Скопје

Во рамките на проектот опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и повторно ќе бидат ставени во служба на заедницата.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

To top