Македонија

Функционер на СДСМ вели дека објавил лажна вест

Дали измислувал и за посебниот интерес на Жерновски за женските членови на партијата

Поранениот претседавач на општина Центар од СДСМ во времето кога Андреј Жерновски беше градоначалник, вчера тврдеше дека екс лидерот на ЛДП и градоначалник а сега член на Централниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски е несреќа и самобендисан човек и дека заради него социјалдемократите ги блокирале лифтовите на локалните избори во 2013 година.

Мирослав Шиповиќ вчера напиша дека лифтовите за кои беше набедуван Миле Јанакиески биле закочени од СДСМ.

,,Тој победи за градоначалник кога ние ги закочивме лифтовите и го набедивме ВМРО. Инаку тој поима нема од избори, јер само кафичи го интересираат..добро и членки”, објави Шиповиќ.

Неговата објава сега е избришана и е објавена нова во која тврди дека се шегувал за да види кој ќе коментира.

,,Пораката за лифтовите, кој и да ги заглавил, е дека градоначалникот (Жерновски) со ништо не придонесе за победата. Победи зошто ВМРовците се з… со заглавување на лифтовите. Измислив за да се види кој се коментира”, стои во новата објава на Шиповиќ.

Функвионерот на СДСМ објаснува за лифтовите но не кажува ништо за тврдењето дека на Жерновски најважни му биле кафиќите и членките на партијата со што алудира дека Жерновски посветувал посебно внимание на женските членови.

Што точно објави вчера Шиповиќ на овој ЛИНК

Го интересираат само партиски членки – Екс соработник на Жерновски откри кој ги кочел лифтовите за изборите во Центар

Најнови вести од: Македонија

Реформа на дисциплинските постапки, гаранции за самостојност и поголема транспарентност при изборот на државниот јавен обвинител

Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност

„Зелникот на баба“ ќе се одржи викендов во Пробиштип

Дванаесетта година по ред Општина Пробиштип денот на пролетта, го одбележува со меѓународна манифестација „Зелникот на баба“. Од Општина Пробиштип  во писменото соопштение велат дека манифестацијата ќе се одржи оваа сабота, односно на 21 март, со почеток во 11 часот. Годинава очекуваат присуство на натпреварувачи од 18 општини од Македонија, потоа од пет Здруженија од […]

To top