Македонија

Гаши: Децентрализацијата е темелен демократски принцип за силна локална самоуправа

Средба со делегација на Конгресот на локалните власти на Советот на Европа

Претседателот на Собранието Африм Гаши, заедно со претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска и потпретседателот на Комисијата за локална самоуправа Пеце Милевски, денеска остварија средба со делегација на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа.

Делегацијата ја сочинуваа коизвестителите за локална демократија Андерс Кнапе од Шведска и Матијас Гисин од Швајцарија.

На средбата во фокусот беше спроведувањето на Европската повелба за локална самоуправа, како и почитувањето на човековите права и владеењето на правото на локално ниво.

Претседателот Гаши ја истакна децентрализацијата како важен демократски принцип што овозможува одлуките кои непосредно ги засегаат граѓаните – кога тоа е возможно и соодветно – да се носат на локално ниво, земајќи ги предвид нивните реални потреби и специфичностите на локалните заедници.

Тој потсети дека децентрализацијата е еден од клучните столбови на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, со кој беше предвидено зајакнување на локалната самоуправа и поголемо учество на граѓаните и заедниците во процесите на локално одлучување.

Соговорниците подробно ги разгледаа прашањата поврзани со независноста на локалните власти и текот на децентрализацијата, со посебен акцент на финансиската децентрализација и финансиската автономија, како и на надлежностите на градоначалниците и општинските совети.

Разговорот се осврна и на предизвиците со кои се соочуваат општините – финансиската одржливост, заштитата на животната средина, демографските промени и административните и институционалните капацитети – како и на можностите за натамошно унапредување на локалната самоуправа.

Конгресот на локални и регионални власти редовно изготвува извештаи за состојбата со локалната и регионалната демократија во секоја земја-членка на Советот на Европа, со цел да се осигури имплементацијата на принципите на Европската повелба за локална самоуправа.

Мониторинг-комисијата на Конгресот е телото што ги подготвува овие извештаи и врши постојан надзор над спроведувањето на препораките. Последниот извештај за Северна Македонија беше изготвен во 2021 година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

Најнови вести

To top