Македонија

Гаши ја врати на доработка иницијативата за анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе ја врати на доработка иницијативата на СДСМ и Левица за формирање анкетна комисија што треба да ги испита околностите за трагедијата во Кочани.

Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе ја врати на доработка иницијативата на СДСМ и Левица за формирање анкетна комисија што треба да ги испита околностите за трагедијата во Кочани. Како што информираше Гаши на брифинг, во поднесениот предлог било утврдено дека мнозинството во комисијата му припаѓа на опозицискиот блок, што е спротивно на собранискиот Деловник.

Според член 3 од иницијативата, предложениот состав на комисијата е:
– 4 членови од СДСМ,
– 4 од ДУИ,
– 1 од Левица,
– 3 од ВМРО-ДПМНЕ,
– 2 од Вреди и
– 1 од ЗНАМ.

Гаши се повика на член 124 од Деловникот, според кој сите работни тела, вклучително и анкетните комисии, мора да имаат состав пропорционален на парламентарниот распоред на сили. Тоа значи дека мнозинството во комисијата го има власта, додека претседателот се избира од редовите на опозицијата. Бидејќи ова правило не е испочитувано, иницијативата е вратена на доработка.

Инаку, предлогот за анкетна комисија беше поднесен минатата недела од 20 пратеници на СДСМ и Левица. Власта соопшти дека ја прифаќа идејата за формирање вакво тело, но најави дека ќе бара проширување на надлежностите и со други трагедии – пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуските несреќи на „Беса транс“ и „Дурмо турс“.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

To top