Македонија

Гаши: Во трка сме со времето во однос на членството со Европската унија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на трибина организирана од Европското движење, порача дека сме во трка со времето околу членството во ЕУ и се плаши – дека ќе го изгубиме. Според Гаши, нема никаква корист од изнаоѓање виновници околу блокадата на евроинтеграцијата и тој преферира да најдеме пат, т.е. решение и да стигнеме до целта.

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан и динамиката на проширувањето на Европската Унија беа во фокусот на панел-дискусија во Скопје, каде што учесниците порачаа дека процесот се одвива во ограничен временски прозорец кој не смее да се пропушти. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, истакна дека државата е во трка со времето во однос на членството во ЕУ, предупредувајќи дека постои ризик да се пропушти моментумот за напредок. Тој оцени дека фокусот не треба да биде на барање виновници за блокадите во процесот на евроинтеграцијата, туку на изнаоѓање конкретно решение и јасен пат кон целта.

Пратеникот Антонијо Милошоски изнесе поинаков став, посочувајќи дека е потребен повнимателен пристап кон отстапките, сè додека од Европската Унија не дојде, како што рече, кредибилна и јасна понуда за членство.

Директорот за политики при Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“, Петер Хефеле, предупреди дека таканаречениот „моментум“ за проширување нема да трае долго и дека политичките прилики во Европа може брзо да се променат.

Амбасадорката на Германија, Петра Декслер, посочи дека во Брисел се работи на процесот за пристапување на Црна Гора, оценувајќи го тоа како значаен чекор за ЕУ, и повика на обединување околу реформските обврски и надминување на ставот дека земјата е постојано губитник во процесот.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ, Стефен Худолин, нагласи дека напредокот зависи од исполнувањето на реформската агенда и предвидените чекори, додавајќи дека процесот на градуална интеграција веќе дава резултати. Тој најави и скорешна оценка од Европската комисија за досегашниот напредок.

Во рамки на дебатата беа изнесени и различни политички ставови за брзината и условите на евроинтеграцијата, при што дел од учесниците нагласија дека идниот период ќе биде клучен за тоа дали земјата ќе успее да го искористи актуелниот европски моментум. Идејата за „ограничен прозорец на можности“ и потребата од побрзи реформи беше една од главните пораки од настанот, со нагласок дека следните политички одлуки во Европската Унија ќе имаат директно влијание врз динамиката на проширувањето.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top