Македонија

Генијалецот Македон повторно нè направи горди – освои медали и пехар на турнири по математика во Бугарија

Малиот генијалец Македон освои неколку награди и признанија на турнири по математика во Несебар Бугарија, и уште еднаш нè направи горди пред светот. Младиот Македон продолжува да нижи успеси, а неговиот татко Владимир откри дека постигнал мошне добри резултати на турнири по математика во Несебар, Бугарија. „Денес заврши интернационалниот турнир ’Математика без граници‘ и турнирот […]

Малиот генијалец Македон освои неколку награди и признанија на турнири по математика во Несебар Бугарија, и уште еднаш нè направи горди пред светот.

Младиот Македон продолжува да нижи успеси, а неговиот татко Владимир откри дека постигнал мошне добри резултати на турнири по математика во Несебар, Бугарија.

„Денес заврши интернационалниот турнир ’Математика без граници‘ и турнирот по алгебра Lodovico Ferari каде учествуваа 14 земји со 875 учесника во Несебар, Бугарија.

Македон уште еднаш го прослави името на Македонија и го виореше македонското знаме во Бугарија.

Тој освои математичка ѕвезда на турнирот, освои пехар III – купот на математика без граници, сребрен медал по алгебра и бронзен медал на основниот турнир“, пишува во објавата од неговиот татко Владимир, пренесе Црнобело.

Најнови вести од: Македонија

Украина го нападна Туркстрим: Eдинствениот гасовод што го снабдува Балканот со гас, меѓу кои и Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро реагираше на украински напад врз инфраструктурата на гасоводот Туркстрим во Русија, оценувајќи го како сериозна закана за енергетската безбедност на Унгарија и пошироко.

To top