Македонија

Георг Георгиев: Македонија ја нападна ЕУ!?

Нападот врз бугарската мисија во Скопје не е само напад врз една земја, туку е напад врз земја-членка на ЕУ, а во оваа смисла и врз целата Европска Унија, рече пратеникот од пратеничката група на ГЕРБ-СДС и поранешен министер за надворешни работи Георг Георгиев, кој од собраниската говорница прочита декларација во име на пратеничката група.

Поранешниот дека коалицијата ГЕРБ-СДС остро го осудува секое однесување што поттикнува насилство и што демонстрира антидемократија и сака билатералните односи да бидат водени од економски, деловни, културни и образовни интереси.

– Нашите односи со Република С.Македонија во контекст на нивната европска интеграција доминираат и во бугарската надворешна политика и во политиката на ЕУ. Ова е достигнување на бугарската дипломатија, на бугарската држава и на заедничките напори на бугарскиот народ и институциите, кои по 2022 година продолжуваат да создаваат одржливост на нашето мислење и визија, какви што забележуваме дека веќе доминираат во ЕУ. Договорот за добрососедство и пријателство кој го потпишавме во 2017 година по многу години, напори и по многу отпор, сметавме дека ќе означи нов пат во односите. За жал, тоа не се случува. Гледаме дека јазикот на омразата, обидите да се фати тема за домашна политичка употреба, создаваат и пречки за процесот на европска интеграција, но и бариера за развојот на многу важни и суштински елементи на регионалната безбедносна архитектура на Балканот, како и во Централна и Источна Европа – рече Георгиев.

Отворените прашања со Македонија не се меѓу Софија и Скопјe, туку се меѓу Скопјe и Брисел, додаде тој.

– Она што владата во РСМ мора да го спроведе е поврзано со договор, со потпишување на преговарачка рамка, со протоколи изгласани од бугарскиот парламент, кои не стојат само меѓу нашите две земји. Тие се вткаени во општиот контекст на меѓународните одлуки, кои по 2022 година бугарската држава успеа успешно да ги почитува до ден-денес – рече Георгиев.

Нему му е мило, што институциите и целото бугарско општество се водат од една единствена кауза – бугарскиот национален интерес.

– Нема да бидеме ниту разбирачки расположени, ниту трпеливи, ниту толерантни кон каква било манифестација на насилство. Го повикувам Министерството за надворешни работи, но и целата влада да бидат крајно категорични во пораките што ги испраќаат до РСМ и до надлежните органи кои треба да истражат и казнат виновните. Ова не е преседан, туку рецидив – рече Георгиев.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

To top