Македонија

Ѓорче Петров, „примерниот бугарски поданик“, кој се бореше фанатично против бугарските посегања кон Македонија, убиен на 28.6.1921

Денеска во Прилеп се одбележаа 104-годишнината од убиството на Ѓорче Петров, еден од идеолозите на македонската револуционерна борба  за слобода на македонскиот народ и создавање самостојна македонска држава. Пред споменикот на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп се поклонија и положија свежо цвеќе делегации од општина Прилеп, претставници на Советот на општината, од средното општинско […]

Денеска во Прилеп се одбележаа 104-годишнината од убиството на Ѓорче Петров, еден од идеолозите на македонската револуционерна борба  за слобода на македонскиот народ и создавање самостојна македонска држава. Пред споменикот на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп се поклонија и положија свежо цвеќе делегации од општина Прилеп, претставници на Советот на општината, од средното општинско училиште во овој град, кое го носи неговото име, од претставници на Сојузот на Борци и од политички партии.“ – објави, покрај другото, Радио Пела од Прилеп.

Заради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти. На денешен ден, на 28 јуни, во 1921 година, бил извршен атентат и Петров бил убиен среде Софија. Георги Петров Николов, попознат како Ѓорче Петров, бил професор, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација.

Тој бил роден на 2 април 1865 година во Варош, Прилепско. Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип, а како учител во Скопје соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија. Бил професор и во Битола и во Егзархиската гимназија во Солун. Ѓорчев основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Тој бил член на Централниот комитет на МРО, учествувал на Солунскиот конгрес (1896) и бил еден од составувачите на Уставот и на Правилникот на ТМОРО. Заедно со Гоце Делчев бил задграничен претставник на ТМОРО во Софија. Во Илинденското востание Ѓорче предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес. За време на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Серез, Битола и Драма. Тој бил член на Привременото претставништво на поранешната ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција.

Во статија со наслов „Ѓорче Петров – ‘примерен бугарски поданик’, кој работел одвнатре за македонското дело“ фејсбук-профилот „Македонија – вистинска бескрајна приказна“ ( „ Macedonia : a True Endless Story …’ има напишано: За Ѓорче Петров, Бугарите тврдат дека се изјаснувал како „бугарин“. Но, говорел и се борел за независна Македонија, односно фактички против Голема Бугарија. Како е можно тоа? Вo тoa време, „бугарин“ не било етничко, туку политичко име. Недвојбено, поимот „бугарин“ тогаш е политички, а не етнички назив. Пред 100 години, според тогашниот Устав на Бугарија, поимот „бугарин“ означувал – поданик / граѓанин-државјанин. Бугарското Кнежество не признавало етнички заедници, туку сите граѓани на Бугарија, како и поданиците на Бугарската егзархија, биле „бугари“, т.е. бугарски поданици.  

Коренот на ваквото позиционирање на некои македонски револуционери се политичките состојби на Балканот во 1880-тите и новата опасност над Македонија. Како и сите македонски револуционери така и Ѓорче се залагал за да остане Македонија цела и неделива. Тоа значи и барање сојузник во најмалото зло. Ѓорче се школувал во бугаристичките егзархиски училишта, кои заедно со Егзархијата биле најсилната алатка во спроведувањето на бугарската асимилаторска политика. Наспроти неа, Ѓорче заклучил дека работењето за македонското дело, преку користење на Бугарија како територија и институции, е најмалото од сите зла околу Македонија.

По војната, во 1885, тој почнал и да работи како учител во eгзархиските школи. Тогаш почнал и да собира географски и етнографски материјали за Скопската и Битолската Околија. Тие податоци во 1896 година Ѓорче Петров ги издава во книгата „Материјали за изучувањето на Македонија”, географски труд во којшто се опишуваат најважните планини, реки и патишта во Македонија. Книгата е испечатена и издадена во 1896 година, во Софија, Бугарија, на тамошната книжевна норма. „Благословена земја е Македонија со своите полиња и езера, каде што се излеал сиот божји благослов на земјата!“ – нагласил Петров за својата татковина Македонија.

Во „Материјали за изучувањето на Македонија“ и во други написи потоа спомнува и „бугари“ во Македонија. Тој работи одвнатре „под маската бугари“, како што Крсте Мисирков ја опишува стратегијата на македонските револуционери. И тоа е одлична тактика. Во своите „Спомени“ во врска со ова Петров пишува: „Ние дури след време ги разбравме владините махинации, посегнувањата на бугарската влада да ја земе организацијата во свои раце, за да ја парализира, и се уверивме, оти нашето почетно мнение сеопшта искреност по ослободителното дело спрема бугарската влада била проста наивност. Во врска со овие односи со владата проникна во нас идејата, систематски да одбегнуваме тесни врски со официјалната власт во Бугарија. Од тактички воображенија оваа идеја, без да ја прогласуваме нашироко, молчеливо сме ја протуркувале во својата дејност. И во овај правец тука врвеше воспитанието на сите нови сили, што одеа во внатрешноста.

Ѓорче стекнува огромна доверба кај бугарските власти. Истата година, воениот министер Рачо Петров му нудел стипендија за да студира картографија некаде во Западна Европа. Но, Ѓорче одбил и останал да учителствува во Македонија. Следната понуда на Рачо Петров била оружје – помош за ВМРО. Бесплатни 2.000 пушки-мартинки. Подарок. Како што самиот Ѓорче вели во своите Спомени (издадени 1927., по неговата смрт), ВМРО (ТМОРО) ги прифатила. Тогаш односите со бугарската влада и со софискиот Врховен комитет сѐ уште биле пријателски.

Bо 1896 година и многупати потоа, Ѓорче се однесува како „добар“ бугарски поданик, а ВМРО одлично го ползувала тоа. Но, само 2 години претходно, во 1894, во списанието „Лоза“, Ѓорче под лажно име говори за Македонците како посебен ентитет и повикува на нивно обединување:Положбата на нас, Македонците, последниов период сè повеќе се влошува… Соседните ослободени држави го прибираат македонското население, од кое што половината не се ни враќа на својата земја, а нив ги заменуваат заселници Турци и ЧеркезиMаџири. Сè тоа јасно ја покажува положбата на нашата мила татковина Македонија… Нужно е сите Македонци да се обединиме, и здружно да дејствуваме. (весник „Лоза“, бр. 5, с. 37-38, под псевдоним „Николев“, 1894).

Суштински, Ѓорче Петров се борел за самостојна Македонија, со посебен, одделен македонски народ, со своја посебна македонска национална историја. „Македонија, по својата иницијатива и по силата на својот живот, се оформи самата себеси во одделна морална единица, со својата специфична идеологија. … Македонското ослободително дело не се должи само на поединци, туку на колективната волја на населението во Македонија.“ – има напишано Ѓорче  во својата „Беседа за Гоце“.

Од 1897 до 1902 година Ѓорче бил задграничен претставник на ТМОРО во Софија. Учествувал во Илинденското востание (1903), а потоа – и на Прилепскиот конгрес (1904), на Струмичкиот и Рилскиот (1905). Во заклучоците од скоро сите конгреси пишува дека ВМРО треба да има пријателски, блиски односи со Бугарија, но и да се запази самостојноста на Организацијата. Ѓорче Петров низ целиот свој живот бил успешен бугарски поданик. Така направил и успешна политичка кариера во Софија. Но тоа секогаш го користел во полза на Македонците и македонското револуционерно движење. Затоа и неговиот противник Toдор Александров во едно писмо до Владимир Карамфилов од 6 јули 1919 ќе истакне: Шмеќерот Ѓорче, анархистот-безделник [Михаил] Герџиков, како и санданистите, дoкажаните предавници на бугарскиот народ и во минатото и сега се борат и се залагаат за самостојна Македонија како одделна економска и географска единица, со одделен ’македонски народ‘, со своја посебна историја од векови наназад … Некои од нив дури и се закануваат дека со оружје в рака би се бореле против можното обединување на Македонија со Бугарија.”

После 2 години, во 1921-вата, Александров  наредил да биде убиен Ѓорче Петров. На најсветлите страници на македонската национална историја останува засекогаш запишана борбата и посветеноста на Ѓорче Петров секогаш во полза на македонското дело и за независна македонска држава и нација.

Најнови вести од: Македонија

Во најава поевтини мобилни услуги – Што ќе значи „4iG“ за Македонските граѓани?!

Премиерот се сретна со сопственикот на компанијата која ја доби дозволата за трет мобилен оператор. Денот, како што нагласува, го продолжиле на панел на кој со светските лидери и претставниците на мултинационални компании разговарале за предизвиците на човештвото во годините што следуваат.

Новиот систем за влез во ЕУ може да ги уништи транспортерите и економијата

Македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за електронска евиденција при влез во Шенген-зоната, апелира до Европската Унија Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, предупредувајќи дека нивната примена ќе предизвика сериозни удари врз домашната и врз регионалната економија. Од Собранието, Николоски изјави дека Владата целосно ги разбира револтот на транспортерите и најавениот протест од […]

(Фото+Видео): Сите државни патишта се исчистени и проодни, екипите на „Македонија пат“ на терен, вели министерот за транспорт

„Благодарам за силниот ангажман на вработените во Македонија пат. А, снегот дава дополнителна убавина на нашата Македонија!“, порача министерот за транспорт Николоски. Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да патуваат внимателно, и покрај подобрените услови на патиштата.

Бојан Маричиќ е предложен од СДСМ за претседател на Државната изборна комисија

За седумчлениот нов состав на ДИК пријавени беа вкупно 16 кандидати Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена). Членови на ДИК може да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и […]

Мицкоски: Како трет мобилен оператор „Фор-ај-џи (4iG)“ ќе инвестира 100 милиони евра, ќе се намалат цените на услугите!

„Денот во Давос го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. Разговаравме за неговите планови, откако ги упати парите, што се потребни за добивање на лиценцата. Тој ме информираше дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој како трет мобилен оператор. Граѓаните добиваат нова компанија, што ќе нуди мобилни услуги и  којашто, сигурен сум, ќе влијае позитивно за  намалување на цените на услугите кои, што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија.“ – изјави премиерот Хритијан Мицкоски.

Лажни мејлови од Бирото за јавна безбедност за наводни „кривични истраги“ – не отворајте ги!

Во последните денови, МВР регистрира зголемен број пријави од граѓани кои добиле електронски пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, или од Единицата за сајбер безбедност. Во пораките, примачите се предупредуваат дека се предмет на кривични истраги за сериозни злосторства како детска порнографија, педофилија или трговија со дрога и им се наложува да се јават во полициска станица или да испратат повратен имејл во рок од 24 часа.

За ексминистерот за внатрешни работи на Албанија Демирај Вевчанскиот карневал е „марш на српско-македонскиот фашизам“?!

„Срамната парада во Вевчани, кај Струга, овој месец, претставуваше марширање на српско-македонскиот фашизам, бидејќи на улиците во Вевчани се славеа масакрите во Хрватска и Босна и Херцеговина и геноцидот во Косово, извршен од српските четници. Таа парада беше марш на омраза од луѓе без совест, кои ги слават злосторствата против човештвото, крвта на децата, жените и невините цивили во Хрватска, Босна и Косово. Ова не е ‘комеморација’, туку славење на криминалот и варварството.“ – тврди Дритан Демирај од Албанија, во својата скандалозна колумна со наслов „Генералот Демирај: Аркан маршира повторно – српскомакедонскиот фашизам на улица, Албанците во молк“. Дритан Демирај е поранешен високорангиран и повеќекратно одликуван офицер во албанската армија, командант на нејзините специјални единици „Командоси“. Во 2017 гоина бил министер за внатрешни работи на Албанија. Тој е и доктор на науки по меѓународни односи и безбедност.

To top