Македонија

Ѓорѓиевски по средбата со Рокас: Преку заедничката соработка со ЕУ ќе создадеме современо, отворено и европско Скопје

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави на фејсбук по вчерашната средба со амбасадорот на Европската унија во Македонија Михалис Рокас дека очекува од координираните активности со ЕУ нова енергија, идеи и партнерства, кои можат да ја придвижат македонската метропола напред.

„Денес во просториите на Град Скопје остварив исклучително значајна и конструктивна средба со амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас, како и првиот советник и раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ Марија Канелопулу.“ – објави на својот официјален фејсбук-профил Орце Ѓорѓиевски.

Во објавата на општествената мрежа натаму тој истакнува: Ова беше нашата прва средба по моето преземање на функцијата градоначалник на Скопје, на која разговаравме за клучните можности и идни насоки на заедничка соработка. Ваквите средби се од голема важност за Скопје. 

Убеден сум дека заедничката соработка со ЕУ ќе продолжи уште поинтензивно и дека преку координирани активности ќе создадеме современо, отворено и европско Скопје, какво што заслужуваат скопјани. – порача преку фејсбук првиот човек на Градот Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top