Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје предновогодишно ќе блесне на 15 декември

Градоначалникот на Скопје ги повика скопјани да присуствуваат на настанот и заедно да ја споделат празничната магија која, како што вели, му недостасувала на градот во изминатите години

 

„Почитувани скопјани, драги родители, најдраги дечиња. Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние, и младите, и возрасните, ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници.

Со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите – вели Ѓорѓиевски.

Тој најави декао д 16 декември па сѐ до Новата година, секој ден ќе има настани, активности и забави за сите генерации.

„А дочекот, ви ветуваме, ќе биде спектакуларен и незаборавен“ – порача градоначалникот.

Од прес-службата на Град Скопје додаваат дека годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“. Претстојниот настан ќе донесе посебна атмосфера, богата програма и многу изненадувања, со што официјално ќе се означи почетокот на најубавиот дел од годината во главниот град.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top