Македонија

Ѓурѓај за 70. број на весникот „Илинден“: Ќе продолжиме со темите за подобрување на животот на Македонците надвор од Македонија

Излезе од печат јубилејниот 70-ти број на весникот „Илинден“ кој наидува на голем интерес кај македонската читателска публика во Албанија, во Македонија, но и меѓу македонското иселеништво во светот.

„Се надевам дека ќе продолжиме со несмалена сила да информираме со истата сериозност и пристап во објавувањето на темите, кои се од интерес за македонското национално малцинство во Република Албанија, но и за претставување на активностите на македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското население надвор од границите на својата матична држава Република Македонија.“ – изјави Никола Ѓурѓај, главниот и одговорен уредник на весникот  „Илинден“.

Во овој 70-ти број, покрај другите, објавени се и следниве написи: 
Македонското друштво “Илинден“-Тирана ќе биде домаќин на следниот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности
Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција, поднесена од Македонското друштво „Илинден“- Тирана
Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија за Македонците во Албанија
Македонската алијанса за европска интеграција: Нема да замолчиме пред бугарските манипулации
Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа
Ѓурѓај: Извештајот на ФУЕН e десетгодишен труд на македонско друштво “Илинден“-Тирана

Македонскиот весник “Илинден” е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ), во која членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top