Македонија

Го снема профилот на Икс што му посака смрт на Бетмен Велит

Исчезна од социјалната мрежа твитерџијата што се ситеше на починувањето на актерските легенди Тодоровски и Петрушевски

„Цандо Големиот“ го снема од социјалната мрежа Икс само еден ден откако во некрофилска објава се ситеше на смртта на бардовите на македонското глумиште Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски, а таква судбина му посака и на ТВ-водителот Богдан Илиевски.

„Двајца паднаа, уште еден останува“, напиша вчера на англиски профилот близок до СДСМ според објавите покрај фотографијата од тројцата од времето на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

ЛЕШПЕРОТ СЕ САМОУКИНА 🙂

Анонимниот кретен кој сакаше сите да умрат, се ситеше на смртта на великиот Гоце Тодоровски и ми порача/си посака/ дека јас сум следниот на листата… се деактивирал од твитер.
Кај анонимен, па и вуна фати, откако малку јавност му беше дадена. Се надевам е на безбедно и нема да си наштети, туку ќе си ги гали фотографиите со Заев и Венко без да сонува поубав свет без вмрофчишта, туку со помош на солидни медикаменти ќе си го доведе животот во нормала.
Или ако не е можно, можеби и некој орган може да му помогне да влезе во винкла 🙂“, реагира Илиевски, алијас Бетмен Велит, на Фејсбук.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со вера, работа и љубов кон Македонија продолжуваме да градиме подобро утре за нашите деца и сите граѓани

„Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината!“ – порача претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани.

Поставена и осветена биста на македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце

Денес во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце е откриена и осветена биста на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ, кој во 2022 година е прогласен како  светец Кирил Лешочки.

Вреди: Абази ја затвори истрагата, Ахмети молчи, но кој ќе одговара за 14 загинати во модуларната во Тетово?!

„По вчерашната реакција очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Но не го добивме. Продолжува нивниот молк во врска со трагедијата во Тетово, во која загинаа 14 лица.“ – нагласува партијата Вреди.

ВМРО ДПМНЕ: Абази пред заминување доодработи за СДС и ДУИ и го спаси Филипче од одговорноста за модуларната болница во Тетово!

„Ова не е прв случај, во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети. Сега пред заминување си ја доработува задачата, за која беше поставен во време на СДС. Тој не го прогласи Филипче како виновен.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Ангелов: Утринава ветрот ги префрли пламените јазли кон Бонче, но храбрите пожарникари ја спречија катастрофата и ги спасија куќите!

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, каде утрово околу 4 часот силен ветер ги префрлил пламените јазици кон населеното место, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, огнот брзо се спуштил кон долот и се приближил до куќите, а ситуацијата била исклучително сериозна.

Најнови вести

To top