Македонија

Годинава ќе имаме седум продолжени викенди

 Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник

 

Првиот продолжен викенд ќе биде за време на Рамазан Бајрам, кој е на 20 март во петок, а следен е во април кога се празнува православниот празник Велигден.

Така неработни се 13 април, понеделник, за сите граѓани и петок 10 април кој е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Граѓаните на продолжен викенд ќе празнуваат и на 1 мај – Денот на трудот, кој е во петок, но и за 24 мај – Денот на сесловенските просветители кој е во недела, но неработен ден е понеделник 25 мај.

Продолжен викенд ќе има и за 2 август кога е Денот на Републиката, кога неработен ден е понеделник 3 август, а следен продолжен викенд има и за Денот на народното востание кој се празнува на 11 октомври. Овој празник е во недела, но со оглед на тоа што станува збор за државен празник, неработен ден е понеделник 12 октомври.

Македонските граѓани ќе празнуваат на продолжен викенд и за Денот на македонската револуционерна борба кој е на 23 октомври, петок.

Со оглед на тоа што за православните граѓани неработни се и 19 јануари, петок, 29 мај, петок пред Духовден и 28 август Успение на Пресвета Богородица, кој е исто во петок, тие ќе имаат уште три продолжени викенди.

Неработни денови за сите граѓани се 1 јануари, Нова Година, 7 јануари Божик, 8 септември, кога се слави Денот на независноста, и 8 декември, вторник, Денот на „Свети Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед неработен ден е и 6 јануари Бадник, кој се празнува во вторник.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (недела), Празникот на сите светци, и 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен ден е 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

• 1 јануари (четврток), Нова Година,
• 7 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот
календар,
• 1 мај (петок), Ден на трудот
• 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден,
• 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 март (понеделник) е неработен ден,
• 8 септември (вторник), Ден на независноста,
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден,
• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
• 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици),
• 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ
• 27 јануари (вторник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
• 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
• 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик

Најнови вести од: Македонија

To top