Македонија

Голем меѓународен успех за Светското првенство во Хип Хоп 2024 на фестивалот White Square 2025

Пипл Медиа и Студиото Break A Leg ја донесоа Бронзата во Македонија!

Пипл Медиа и Студиото Break A Leg ја донесоа Бронзата во Македонија!

Со гордост објавуваме дека реализацијата на Светското првенство во Хип Хоп 2024, зад која стојат Студиото Break A Leg и маркетинг агенцијата Пипл Медиа, освои бронзена награда на престижниот меѓународен фестивал на креативност White Square 2025, во категоријата INTEGRATED CAMPAIGNS – Breakthrough on a Budget.

Македонија – меѓу најдобрите во светот

Како единствени претставници од Македонија, овој успех е уште поистакнат ако се земе предвид дека во програмата на фестивалот учествуваа 1210 пријави од 38 земји низ Европа, Северна и Латинска Америка, регионот МЕНА, Азија и Кина.

White Square е меѓународно реномиран фестивал, познат во креативната индустрија по тоа што ги наградува иновативните идеи, социјално одговорните практики и решенијата што создаваат вистинско влијание во светот.

Високи стандарди, силна конкуренција

Фестивалските пријави беа оценувани од шест меѓународни жири-состави, составени од признати експерти и добитници на глобални награди од областа на маркетингот, креативноста и комуникациите. Главните критериуми за избор на добитниците беа:

оригиналноста на идејата,
квалитетот на нејзината реализација,
и ефективноста на креативните решенија.

Успех што инспирира

Оваа бронзена награда претставува силна потврда дека идејата, посветеноста и тимската работа се препознаваат и наградуваат, без разлика од каде доаѓаат.

Благодарност до сите кои беа дел од успехот

Голема благодарност упатуваме до фестивалот White Square за признанието, и особено до Трајче Петковски од Студиото Break A Leg, како организатор на Светското првенство во Хип Хоп 2024, кој ни овозможи да бидеме дел од овој голем проект и заеднички да го донесеме овој значаен успех во нашата земја.

#WhiteSquare2025 #StudioBreakALeg #PeopleMediaMKD#HipHop2024 #CreativeExcellence #ProudlyFromMacedonia

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top