Македонија

Ѓорѓиевски: Обновените спортски терени на кејот на Вардар се пак место за живот, рекреација и спорт за скопјани!

„Скопје доби нов уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар. Денес, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ги пуштивме во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, простор кој повторно станува место за живот, рекреација и спорт.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Натаму преку општествената мрежа Ѓорѓиевски истакнува: Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети.

Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник започнавме со темелно чистење и уредување, со што конечно реката повторно тече низ своето природно и нормално корито.

Денес, овој простор добива нов лик и јасна визија, функционален, модерен и жив јавен простор отворен за сите граѓани. Реконструирани се спортските терени за фудбал, одбојка на песок и кошарка, се поставува нова градска опрема.

Се создаваат и современи фитнес-зони на отворено кои ќе бидат место за рекреација и здрав живот. Во рамките на проектот опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и повторно ќе бидат ставени во служба на заедницата.



На овој потег ќе се уреди и современа градска плажа кое ќе биде безбедно, чисто и достапно катче за одмор, спорт и дружење, кое ќе внесе нова енергија покрај реката и ќе го доближи Скопје до современите европски урбани стандарди. Инвестирањето во спортот значи инвестирање во здрави навики, во здрави млади генерации и во силно општество.


Искрена благодарност до министерот Борко Ристовски за поддршката и партнерскиот пристап. Токму преку ваква соработка се реализираат проекти кои носат вистинска вредност за граѓаните.

Ова е само почеток. Нашата визија е рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

To top