Македонија

Ѓорѓиевски: Се поставува мостот кај Момин Поток

Уште на почетокот на јануари, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека изградбата на мостот се одвива со забрзано темпо, со цел што побрзо да се надмине долгогодишниот проблем со застојот во сообраќајот

default

Градоначалникот на Скопје објави  најнови информации за напредокот на работите на инфраструктурниот проект кој со години предизвикуваше сообраќаен метеж.

На социјалните мрежи тој сподели фотографии од поставувањето на мостот на Момин Поток.

Проектот предвидува изградба на два кружни тека кои треба трајно да го решат „тесното грло” низ кое поминуваат околу 25.000 возила дневно, поврзувајќи четири општини.

Покрај кружните текови, предвидени се и два моста на реката Серава, потпорни ѕидови, атмосферска и фекална канализација, велосипедски и пешачки патеки.

Уште на почетокот на јануари, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека изградбата на мостот се одвива со забрзано темпо, со цел што побрзо да се надмине долгогодишниот проблем со застојот во сообраќајот.

Ѓорѓиевски на Фејсбук им посака добро утро на скопјани од Момин Поток.

 

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top