Македонија

Говедата не се размножија сами: АХВ бара од Општина Крива Паланка да престане со изговори

Во соопштението, АХВ директно го потсетува Митовски дека е неодговорно да се изема од одговорноста кон граѓаните и жителите на паланечките села.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со остар тон реагираше на тврдењето на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната власт нема законска надлежност да се вклучи во решавањето на проблемот со стотиците говеда што со години слободно се движат низ градот, околните села и земјоделските површини, предизвикувајќи значителни штети и загриженост кај жителите.

Во соопштението, АХВ директно го потсетува Митовски дека е неодговорно да се изема од одговорноста кон граѓаните и жителите на паланечките села.

Според Законот за јавна чистота, член 14 став 1 точка 11, контролата врз одржувањето на јавните површини – вклучително и чувањето и напасувањето на крупен добиток (вклучително говеда) на јавни површини – токму ја има Општината.

„Ако сакаше, Митовски и досега можеше да го реши проблемот, сам или со помош од некои поранешни функционери, негови сограѓани, кои беа во врвот на претходната Влада“, се вели во реакцијата, со јасна алка кон можни политички и лични врски.

Агенцијата дополнително нагласува дека стадото не се размножило во толку голем број само за година и половина (од промената на законот во 2023/2024 година, кога државата стана сопственик на животните поради не згрижување), ниту пак може да биде собрано инстантно – особено кога Општината не соработува, иако е подеднакво одговорна за решавањето на проблемот.

„Како одговорна институција, во интерес на граѓаните на Крива Паланка и околните села, го повикуваме Митовски конечно да почне да го почитува законот и да соработува со Агенцијата, за трајно решение на реалниот проблем со кој се соочуваат жителите од овој крај“ – стои во соопштението.

АХВ најавува дека ќе продолжи со активности за собирање на животните и во наредниот период, во интерес на безбедноста и имотот на локалното население. Ова доаѓа во контекст на долгогодишен проблем (со корени од пред повеќе од 10 години), со бројни акции, ограничен успех (досега собрани десетина грла од проценетите 500–600), тензии на терен и растечко незадоволство кај жителите.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои младите двојки полесно ќе се стекнат со дом

Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина за оваа мерка за младите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Годишно 8,1 милиони евра оделе кај околу 4 илјади лица, кои немале право на социјална помош!

На седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат.

One Albania е првиот оператор во Западен Балкан со одобрение за тестирање на технологијата Direct-to-Device на SpaceX

Како дел од 4iG Group, One Albania продолжува да инвестира во напредни технологии, вклучувајќи 5G и оптичка инфраструктура, за да ја подобри поврзаноста и да ја зајакне својата телекомуникациска мрежа низ целата земја.

Јаневски: Потребен е критички однос кон оние, кои работат против државните интереси на Македонија, наместо да им се дава простор и влијание во јавноста!

Се покажа дека случајот со Ива Михаилова го води бугарската служба, но кај нас тенденцијата беше јасна – вината за нејзиното бегство да се префрли на МВР и на министерот Панче Тошковски – вели генералниот директор на Македонската информативна агенција – МИА Дарко Јаневски. Тој во гостувањето на „Колегиум“ на ТВ „Алфа“ говореше за медиумските приказни,  поврзани со случајот со Ива Михаилова, односите со Бугарија и влијанието на странските служби врз новинарството.

Откриени незаконски наплати кај финансиските друштва: треба да им вратат повеќе од 2,3 милиони евра на 26 илјади граѓани!

Над 140 милиони денари, или повеќе од 2,3 милиони евра, ќе треба да им бидат вратени на граѓаните кои користеле потрошувачки кредити од финансиски друштва. Државниот пазарен инспекторат утврдил низа незаконитости при контролите на сите 27 финансиски друштва во Македонија, а со мерките се опфатени повеќе од 26.000 граѓани.

Ангеловски за договорите со Грција и Бугарија: Историјата до средниот век ѝ ја продадоа на Атина, а од средниот век на Софија!

Историјата им ја продадоја на официјална Атина. Таа историја до средниот век и ја продадоа на официјална Атина, а средниот век на официјална Софија, изјави синоќа во своето гостување во емисијата за „Македонските работи“ на Алфа телевизија претседателот на МААК Страшо Ангеловски.

To top