Македонија

Град Скопје со кривична пријава кон „Комунална хигиена“ оти не го собира ѓубрето

Проблемот со отпадот во Скопје не е само сега, тој се провлекува со години наназад, а дел од општините преку разни активности со свои капацитети се обидуваа колку толку да исчистати покрај тоа што граѓаните редовно плаќаат за оваа услуга.

Град Скопје поднесе кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“, за загрозување на животната средина, откога претходно денес Општина Аеродром поднесе кривична против претпријатието „Комунална хигиена“ за состојбата со натрупаното ѓубре во главниот град.

Од Град Скопје во пријавата наведуваат дека во периодот од 2022 година до денес било констатирано дека поради активности на Јулијана Спировска од ВМРО-ДПМНЕ, претседателка на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, претпријатието континуирано не ја спроведува својата основна дејност, односно одржување на хигиената на подрачјето на град Скопје.

  • „Поради неа и нејзините политички мотивирани опструкции, повеќе од 3 години претпријатието е нефункционално“, велат од Град Скопје.

  • „Свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени редовните активности: чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење, гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад“, соопштија од Општина Аеродром.

Тие им се извинија на жителите на општината за непријатностите и информираат дека пријавата е поднесена и до МВР и до Основното јавно обвинителство Скопје.

Пријавата е поднесена врз основ на член 230 став 1 и став 6 од Кривичниот законик. Во неа се наведува дека „на повеќе локации во општина Аеродром комуналниот смет не е собран од и надвор од садовите за смет, со што се загадува животната средина, односно средината во која се движи човекот“.

Општина Аеродром на почетокот на јуни годинава изрече прекршочна казна од 88 000 евра против Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје, повторно поради несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена.

Проблемот со отпадот во Скопје не е само сега се провлекува со години наназад а дел од општините преку разни активности со свои капацитети се обидуваа колку толку да исчистати покрај тоа што граѓаните редовно плаќаат за оваа услуга.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

To top