Македонија

Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ направил сообраќаен прекршок, што се случило со казната?

Објавената казна покажува и други важни работи

Градоначалникот на Битола од редовите на  ВМРО-ДПМНЕ направил сообраќаен прекршок по што во дел од јавноста беше обвинет дека избегнал да ја плати казната.

 

Лекарот и градоначалникот Тони Коњановски пред јавноста со документи открива што се случило со казната.

Тој објавува копија од казната која му ја дала сообраќајната полиција која уредно ја платил.

Објавената казна не открива за каков прекршок се работи и колкава е висината на глобата но покажува дека полицијата во Битола нема попуст за Коњановски но и дека не го вози возач во службено возило.

 

Што напиша Коњановски во објавата на социјалните мрежи:

 

Почитувани граѓани,

 

Категорично ги демантирам сите објави низ социјалните мрежи со кои се прави кампања против мене и се наведува дека јас сум се поставил над законот. Тоа е апсолутно неточно. Пред законот сите граѓани сме еднакви.

Да,направив сообраќаен прекршок. Човек сум и јас можам да погрешам.

 

Но, верувам во ред, одговорност и еднаквост пред законот.

Токму затоа, казната за сторениот сообраќаен прекршок ја платив веднаш, без двоумење. Секој од нас треба да биде пример, коректор на себе, а потоа и пример за другите.

 

Не се кријам , не се оправдувам и не барам никаква привилегираност.

 

Во животот никој не е безгрешен, но чесноста, праведноста и коректноста, секогаш мора да бидат патиштата по кои ќе избереме да се движиме.

Најнови вести од: Македонија

МНР: Нема отстапки од националните интереси, јазикот, идентитетот и историјата! – СДСМ шири хистерија и ја дезинформира јавноста!

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, реагираат од МНР.

„Иновативни“ злоупотреби во македонското земјоделство и сточарство: се пријавуваат за субвенции со ушни маркички од угината стока!

Невозможни количества на тутун, нереални количества млеко, изнајмување земјоделски површини, се само дел од злоупотребите кои се прават за да се добијат субвенции, открива министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски во интервју за МИА.

Ковачки: Измеќарите без исправен грбник, кои со децении ја влечеа државата во кал, денес сами се препознаа како талог

Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот”. Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните” политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат, пишува на фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

To top