Македонија

Градоначлникот на Скопје не признава диви градби

Ѓорѓиевски информираше дека веќе се потпишани меморандуми за соработка за заедничко дејствување со некои општини, додека инспекции се извршени во Центар, Чаир и Карпош

 

Градоначалникот на град Скопја, Орце Ѓорѓиевски, нагласи дека дивоградбите не се неодамнешен проблем, туку резултат на, како што рече, „неактивноста на институциите 30 години по ред“.

„Ова не се проблеми што траат еден месец. Дури и пред независноста, но и потоа, на одредени луѓе им е дозволено да узурпираат државно земјиште. Имаме згради во паркови, паркинзи, па дури и на пешачки и велосипедски патеки, без никакви дозволи“, изјави Ѓорѓиевски во емисијата Топ Тема.

Тој направи споредба со купување возило без документација.

„Не можам да купам возило без документи“, нагласи градоначалникот.

Ѓорѓиевски информираше дека веќе се потпишани меморандуми за соработка за заедничко дејствување со некои општини, додека инспекции се извршени во Центар, Чаир и Карпош. Како пример, тој го спомена објектот во близина на Холидеј Ин, за кој беше поднесено барање за легализација, но кое беше одбиено од општината ВЦентар.

„Објект на булеварот не може да се легализира, ова не е во согласност со законот. Чекаме да помине законскиот рок и тој објект ќе биде отстранет“, рече тој.

Најнови вести од: Македонија

Професорот по Римско право не знае да чита анкети – Реакција на МКД.мк и Маркет Вижн за лидерот на Левица

Господинот би требало да знае дека на избори не излегуваат оние што рекле нема да гласаат, а кога се проектираат изборни резултати од анкета се отстрануваат и оние кои се изјасниле дека нема да гласаат за ниту една партија, стои во реакцијата

Нема да има застои во постапките против полицајците за пожарот во Кочани, уверува обвинителката Андонова

Судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се одложи

Дали навистина поскапел лебот и зеленчукот во повеќе градови од Македонија?!

Откако горивата имаат повисока цена, следн на удар е лебот. Пекарниците во Прилеп и Битола ја зголемуваат цената на белиот леб од 450 грама – од 35 на 40 денари. Најави има и во дел од пекарите во источниот дел на земјата, односно во Штип и Кочани. Во Скопје, пак, веќе неколку дена се забележува поскапување на бурекот, симитот и други пецива, за околу пет денари.

Стојанче ја газел Ивана со нозете по стомакот, сведочеше сведокот Саздов

Стојанче ја газел со нозете по стомакот, сведочеше Мартин Саздов, зборувајќи за повредите на Ивана, модринките и слично,на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја.

To top