Македонија

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Паркирањето во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје со години е секојдневна нервоза за пациентите, придружбата и вработените: колони пред рампите, возила оставени на импровизирани места и тесни коридори што во критични моменти го прават пристапот до клиниките бавен и непредвидлив. Во таква слика, најавата за „конечно решение“ повторно се врати во јавноста – овојпат со формулација дека процесот за изградба е официјално започнат, но без прецизен датум кога ќе се видат градежните машини на терен.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека заедно со министерот за здравство Азир Алиу и со стручни тимови од ЈП „Градски паркинг“ е одржан координациски состанок на кој биле утврдени динамиката и моделот за реализација на проектот: две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар, со најава за околу 500 нови паркинг-места. Според пораките од Град Скопје, целта е да се воспостави поорганизиран сообраќаен режим, да се обезбеди слободен и непречен пристап за Итната медицинска помош и да се намалат ризиците што ги создава сегашниот „паркинг-хаос“ во најфреквентниот здравствен комплекс во државата.

На местото на модуларната болница ќе никне една од двете предвидени катни гаражи со кои треба да се реши сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар.

И скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, неодамна најави дека Градот до втората половина на 2026 година ќе започне со градење на првата катна гаража во Клиничкиот центар, со цел трајно решавање на проблемот со паркирањето во оваа зона. Тој истакна дека новата катна гаража значително ќе го олесни паркирањето како за вработените така и за сите граѓани што секојдневно го посетуваат Клиничкиот центар поради здравствени потреби.

Во кругот на Клиничкиот центар ќе се градат две катни гаражи, кои ќе ги изведува Град Скопје. Ѓорѓиевски истакна дека во нив ќе се обезбедат околу 500 нови паркинг-места, со што, конечно, ќе му се стави крај на долгогодишниот хаос со паркирањето во и околу Клиничкиот центар.

Министерот за здравство, Азир Алиу, пак, најави дека до мај годинава Клиничкиот центар во Скопје ќе добие целосно нов паркинг, со смарт-инфраструктура и со катна гаража. Тој појасни дека досега реализацијата била закочена поради административни проблеми поврзани со инфраструктурата на паркингот, но дека се надминати тие пречки и дека проектот влегува во завршна фаза.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

To top