Македонија

Граната од Прва светска војна отсранета од брегот на Дојранско Езеро

Неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми повеќе од еден век „лежела“ на брегот на Езерото

Граната од 13,6 килограми, која датира од Првата светска војна, е извадена од Дојранското езеро

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми, која била пронајдена на брегот на Дојранското езеро.

Како што објави Дирекцијата, гранатата датира од Првата светска војна и била наменета за хаубица.

Според нив, вакви неексплодирани убојни средства најчесто се наоѓаат во регионите на Дојран, Гевгелија, Битола и Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top