Македонија

Грчева: Однесувањето на Софија и Атина, изговор ЕУ да го одложи проширувањето со Западен Балкан

Сегашните, повеќе од 300 амандмани од бугарските и грчките европратеници на извештајот на европратеникот Томас Вајц за напредокот на Македонија, се пред сè разочарувачки гласови за европската позиција за проширувањето на Унијата воопшто, вели професорката и лидерка на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева. „Можеби нема да бидат прифатени овие бугарски и грчки амандмани во […]

Сегашните, повеќе од 300 амандмани од бугарските и грчките европратеници на извештајот на европратеникот Томас Вајц за напредокот на Македонија, се пред сè разочарувачки гласови за европската позиција за проширувањето на Унијата воопшто, вели професорката и лидерка на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева.

„Можеби нема да бидат прифатени овие бугарски и грчки амандмани во извештајот за Македонија, но тоа не значи дека ние ќе ги почнеме преговорите со ЕУ.

Однесувањето на Бугарија, па и на Грција спрема Македонија е само изговор на другите членки на ЕУ да оддолжуваат со проширувањето со Западен Балкан воопшто“ вели Грчева за МКД.Мк.

Едноставно, во моментов не гледаат стратегиски интерес за проширувањето, а ние со влегувањето во НАТО си ја затворивме вратата за ЕУ, а притоа очигледно Преспанскиот договор не нè заштити од ветата на Грција, а ги отвори апетитите на Бугарија“.

Грчева вели дека бугарските и грчките амандмани на извештајот на ЕП се ирационални, но европскиот одговор е премногу мек, дури толерантен.

„Како шанса ни нудат да се придружиме на моментот на интерес за внесување на Украина и Молдавија во ЕУ, што е навредливо за нас како Македонија, но и за сите земји од Западен Балкан.

Сепак и ние имаме одредени лостови за уцени, наспроти уцените на соседите, но нашата дипломатија треба да работи со центрите на моќ во Европа, а не да влегуваме во ‘филмот’ на Бугарија, која на секои два месеца ни вади некои нови резолуции или декларации, а грчките европратеници сега бараат од извештајот за Македонија да не се употребува ни ‘преспанското име’ со ‘северна’, туку ‘Скопје’.

Во секој случај, изгласувањето на извештајот во Европскиот парламент, можеби нема да значи многу за напредување во нашите ЕУ-интеграции, но отвора многу појасна перспектива за европската збунетост…“, вели професорката Солза Грчева.

Најнови вести од: Македонија

Државата ќе дава ваучери до 83.000 денари – Кој се може да аплицира?!

Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Зошто депониите се палат често во градовите, а сторителите тешко се наоѓаат?!

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за почнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот.

Иран собори два американски борбени авиони: Потрагата по еден од пилотите се уште трае

Нафтените пазари беа затворени откако референтните цени на американската сурова нафта пораснаа за 11 проценти во четвртокот по говорот на Трамп кој не понуди јасен знак за непосреден крај на војната.

To top