Македонија

Грчка славистка: Нема Грк кој во странство би се претставил како Македонец

Не постои никаков грчки јазик којшто се нарекува македонски, додава професорката Јоаниду од универзитетот во Солун

Славистката Александра Јоаниду, професорка на Универзитетот „Македонија“ од Солун на Одделот за балкански, словенски и ориентални студии, нема проблем да го нарекува македонски јазикот што го зборува „славофоното малцинство“ во Грција, ниту

„Постојано укажувам: не постои ниту еден Грк кој во странство би се претставил себеси како ‘Македонец’ – и не постои никаков грчки јазик којшто е во употреба и којшто се нарекува ‘македонски’“, објаснува Јоаниду во интервју за „Дојче веле“ на македонски јазик.

„Мора да биде истакнато дека правото на самоидентификација е едно од темелните права во целиот свет, а тоа веќе со децении е загарантирано во меѓународното право. Затоа би рекла дека на грчките државјани со македонска етничка самосвест и јазик не смееме да им го забраниме правото себеси да се нарекуваат Македонци и да го зборуваат македонскиот јазик“, додава еден од организаторите на конференцијата за македонскиот јазик на универзитетот во Солун минатиот декември.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

ДИК: Излезноста на повторените локални избори зголемена само во Врапчиште, во другите општини намалена

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Мицкоски организира меѓупартиска лидерска средба, би се разговарало и за укинување на „Пржинската влада“

Премиерот Мицкоски минатата седмица изјави дека планира средбата да се оддржи на 14-ти јануари во Клубот на пратениците. Одлуката на премиерот доаѓа и покрај ставот на најголемата опозициска партија СДСМ да не учествува на таквата средба. 

МАН бара мерки против сите во СДСМ, кои навредуваат новинари и ги земаат како цел

Македонската асоцијација на новинари жестоко реагира на пресот на Филипче и бара да се преземат мерки и против новиот политички стратег на СДСМ, ПР агенцијата Прагма, која, како што велат, е одговорна за противзаконско делување на македонска политичка партија.

Жителите на тетовска Стримница бараат итна помош, поплавени им се куќите и загрозена им е безбедноста (Видео)

„Реката Вардар се излеа од коритото во селото Стримница, во општина Желино, во тетовскиот регион, предизвикувајќи поплави и материјални штети на некои куќи. Според жителите, водата им навлегла во визбите на куќите, загрозувајќи ги нивниот имот и безбедноста.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

To top