Македонија

Г.Г. Стефан:Солзите што протекоа, течат без престан и станаа секојдневие за сите мајки и татковци, за многу роднини и пријатели, станаа бол за овој крај и за сиот наш народ

Литургија во Кочани

– Еве, помина една година од таа трагична ноќ во која настрадаа бројни млади македонски чеда. Времето продолжи да тече, деновите станаа бестрајни месеци, а месеците исполнија веќе и цела година. Солзите што протекоа, течат без престан и станаа секојдневие за сите мајки и татковци, за многу роднини и пријатели, станаа бол за овој крај и за сиот наш народ. А солзите дури и да престанат, тагата не исчезнува, таа останува длабоко во срцата на најблиските, рече Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, откако денеска заврши светата архиерејска литургија и општиот парастос за упокоените во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани.

-И светата Црква сочуствува и ја разбира таквата тага. И овој пат се уверивме колку смртта е трагична,  особено кога од овој свет ненадејнои трагично заминуваат млади луѓе. Па и пресвета Богородица како мајка ја исполнувале такви чувства и таква тага кога ги гледала настаните на Голгота, потсети во своето обраќање архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

-Нашите мили во Господа, нашите прерано заминати деца, браќа, сестри, внуци , роднини, пријатели засекогаш ќе ни недостасуваат и тоа чувство е природно, но покрај нашата тага треба да се надеваме дека оние што починале во Христа ќе бидат вечно со него. А, додека дојде тој ден, Црквата заедно со најблиските на покојните молитвено ќе се сеќава на своите упокоени чеда, и во секоја молитвена прилика ќе си спомнува за нив. И затоа, денеска исполнети со неизмерна тага, стоејќи со силна вера, да се помолиме Господ  да им дарува покој во место светло, во место мирно, во место за одмор, каде што нема ни болка, ни тага ни воздишка,  туку живот бесконечен. Нека им е вечен споменот, порача Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, пред присутните членови на семејствата на починатите и повредените во трагичниот пожар од март лани и пред сите што ја  следеа светата архиерејска литургија и општиот парастос за упокоените во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани, со што започна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар што го потресе Кочани.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top