Македонија

Грузискиот премиер: Демонстрантите сакаат соборување на владата, ЕУ меша прсти

Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе изјави дека демонстрантите кои вчера се обидоа насилно да влезат во претседателската палата

Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе изјави дека демонстрантите кои вчера се обидоа насилно да влезат во претседателската палата всушност целеле да ја соборат владата, и ја обвини Европската Унија за мешање во внатрешните работи. Тој го повика амбасадорот на ЕУ, Павел Херчински, да се дистанцира и да ги осуди протестите, нагласувајќи дека странските сили отворено ја поддржуваат опозицијата во обидот за рушење на уставниот поредок. „Никој нема да избега од одговорност, вклучително политичка“, рече Кобахидзе, кој процени дека на митингот учествувале до 7.000 лица.

Британските медиуми пренесуваат дека грузиската полиција во вчерашните немири употребила солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите пред палатата и приведе пет активисти од големиот опозициски протест на денот на локалните избори. Владејачката партија „Грузиски сон“ објави победа во сите општини, откако изборите беа бојкотирани од двата најголеми опозициски блока. Прозападната опозиција протестира од октомври минатата година, по парламентарните избори кои ги нарече нерегуларни.

ЕУ не коментираше, но во јули ја отфрли како дезинформација тврдењето дека сака да ја дестабилизира Грузија, да ја вовлече во војна или да наметне „нетрадиционални вредности“. Овие обвинувања се дел од ескалацијата на тензиите меѓу Тбилиси и Брисел, во време кога Грузија се соочува со протести против владата.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top