Македонија

Хелсиншки комитет: Осуда на скандирањето ‘Голема Албанија‘, ‘Чамерија‘ и ‘Илирида‘ на мечот Шкендија-Карабах

Загрижувачки е што ваквите извици не доаѓале само од навивачката група ‘Балисти‘, туку и од дел од публиката

Хелсиншкиот комитет за човекови права го осуди националистичкото скандирање за време на вчерашниот фудбалски натпревар Шкендија-Карабах (0:1) во националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите.

„И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушаа повици ‘Голема Албанија‘, ‘Чамерија‘ и ‘Илирида‘, пораки кои придонесуваат за поттикнување меѓуетнички поделби, ја нарушуваат меѓуетничката кохезија и имаат потенцијал да предизвикаат злосторства од омраза. Загрижувачки е фактот што ваквите извици не доаѓале само од навивачката група ‘Балисти‘, туку и од дел од публиката, во присуство на високи државни функционери“, велат од Хелсиншки комитет.

На натпреварот присуствувале претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот Изет Меџити, министерот за економија Валон Дурмиши и партиските лидери Али Ахмети и Арбен Таравари.

Од Хелсиншки додаваат дека „Ниту еден од овие високи функционери не реагирал за навредувачките скандирања. Особено е дискутабилна изјавата на Гаши, кој од една страна вели дека не ги слушнал повиците, а од друга страна јавно им честитал на навивачите, нарекувајќи ги ‘достоинствен пример за националните вредности‘. Овие контрадикторни ставови испраќаат опасна порака за толеранција на говор на омраза и политичко навивање на спортските терени“.

Од Хелсиншки апелираат до Министерството за внатрешни работи и надлежните институции да постапат во согласност со најавените мерки за санкционирање вакви испади.

Во понеделникот, Основното јавно обвинителство од Куманово отвори постапка и му издаде насоки на СВР Куманово да истражи елементи на кривично дело поврзано со скандирања со говор на омраза од страна на непознати лица за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Романија, одигран на 2 август во Куманово.

„Голема Албанија“ и „Илирида“ на репертоарот на навивачите на Шкендија (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top