Македонија

Хрисохоидис: Добивме поплаки, но мора да се спроведе целосно системот за биометриска регистрација, ЕУ инсистира на тоа!

„Мора да ја спроведуваме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена.“ – посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји на граничните премини. Тој нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од С.Македонија и Србија.“ – јави Македонската информативна агенција-МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните е надлежно за полицијата во Грција, како и за контролите на граничните премини, а од Халкидики, каде што одржа состанок во пресрет на летната сезона, Хрисохоидис се осврна и на ЕЕС системот и рече дека прашањето со биометриската регистрација на границите има два аспекти, едниот е самиот процес, а другиот, застарената грчка инфраструктура.

„Знам дека има поплаки. Имам добиено поплаки и од моите колеги од С.Македонија и Србија. Станува збор за прашање што има два аспекти. Првиот се однесува на новиот начин на влез во земјите на Европската Унија, т.н Entry-Exit систем. Но мора треба да ја спроведуваме европската легислатива. Сето ова во првата фаза предизвикува доцнење, кое не се должи на недостиг на персонал, а и да постои празно место дури и на еден полицаец, ќе се пополни. Но, проблемот е двоен: прво, процедурите што бараат некое време и не можеме да ги прескокнеме, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, што значи дека секој државјанин од трета земја, како и полицаецот што го контролира, треба да потроши неколку секунди или минути. А второ, нашата инфраструктура, реално е застарена и треба обновување.“ – објасни Хрисохоидис.

За време на состанокот бил претставен и оперативниот план за туристичката сезона, кој предвидува дополнително засилување на полициските сили во сите сектори, како и во сообраќајната полиција. Соопштено е дека во пресрет на летото полициските единици на Халкидики ќе се зајакнат со околу 200 полицајци, со цел „дополнително зајакнување на чувството на безбедност кај граѓаните и кај милионите посетители, кои се очекуваат во текот на летниот период“.

„Сите служби целосно ќе треба да ги покријат своите потреби, 24 часа дневно, цела седмица, во текот на сите месеци кога ќе има зголемен број посетители во регионот.“ – рече грчкиот министер.

Најнови вести од: Македонија

Николoски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Во второто тримесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 процент во споредба со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

Четири ленти, велосипедски патеки и ново осветлување со реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Чаир

Следната недела ќе започне реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Општина Чаир, еден од клучните инфраструктурни проекти во општината, соопшти денеска Општина Чаир

To top